2.8 C
Скопје
18:44 - 24 декември, 2024

СЗО се посрамоти околу коронавирусот – Јутјуб сепак брише се против препораките на организацијата

Јутјуб ја отстранува од својата видеоплатформа цела „медицинска неоснована“ содржина на тема коронавирусот и негово лечење. А тоа вклучува и „било што, што е против препораките на Светската здравствена организација“.

Оваа нова политика на Јутјуб е потврдена од директорката на компанијата Сузан Војчицки во интервју за Си-Ен-Ен во средата, првото интервју кое го дала од избивањето на пандемијата.

„Ние зборуваме за тоа како подигнување на уделот на авторативни информации. Но зборуваме и за отстранување на информациите кои се проблематични. Секако, се што е медицински неосновано, луѓето кои кажуваат: „Земете витамин Ц, земете куркума, ќе ве излечи“, тоа се примери на прекршување на нашата политика. Било што, што би идело против препораките на СЗО би било кршење на нашата политика.“, рекла Војчицки во интервјуто.

Интернет теориите на заговор можат да нанесат вистинска штета

На Јутјуб можат да се најдат многу теории на заговор кои имаат опасни последици во вистинскиот живот. Тука се секако и цела низа на чудесни лекови за коронавирус кои се промовираат на интернетот, што и самата Војчицки го споменала, вклучувајќи – белило, за чија консумација не треба да споменуваме колку може да биде опасна.

Од таа перспектива, за отстранување на таква содржина од Јутјуб постојат добри причини – ограничување на слободата на говор на популарната платформа за да се спречи реална штета која со такви дезинформации и теории на заговор може да се зголеми.

Секако, на тоа може да се одговори со аргумент дека цензурата, односно ограничувањето на слобода на говор на платформата на технолошките гиганти кои имаат речиси монополска позиција – Јутјуб, Фејсбук, Твитер – е сама по себе штета и долгорочно поопасна.

СЗО е неоспорен извор на научни факти за коронавирусот или политички компромитирана организација?

Меѓутоа, признавањето на директорката на Јутјуб дека од видеоплатформата се отстранува „било што, што оди против препораките на СЗО“ би требало да биде знак на предупредување и за оние кои не се грижат многу за слободата на говорот. Да, СЗО од една страна е водечки јавноздравствен авторитет на глобално ниво, и во контекст на пандемијата на коронавирусот.

Но, СЗО и самата е тема на сериозни контроверзии и критики заради своите сомнителни препораки и тврдења во почетната фаза на пандемијата – со тоа што тие грешки одеа во корист на Кина, еден од најголемите финансиери на СЗО. Според интерпретацијата на бројни критичари, станувало збор за политичко потчинување, па дури и застапување на интересите на кинескиот комунистички режим.

СЗО исто така на својата Твитер страница на 14 јануари ја имале следната објава: „Прелиминарните истраги кои ги спровеле кинеските власти не покажале никакви јасни докази за пренос на новиот коронавирус идентификуван во Вухан, во Кина, од човек на човек“. Понатаму се покажало дека тој заклучок, преземен од кинескиот режим, уште од тогаш бил невистинит.

Доказите или барем силните индикации за пренесување на вирусот од човек на човек, што епидемијата ја направила неминовна, постоеле уште од крај на декември. На нив предупредиле доктори од Вухан кои заради тоа беа казнети и замолчени.

The post СЗО се посрамоти околу коронавирусот – Јутјуб сепак брише се против препораките на организацијата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....