-0.2 C
Скопје
10:36 - 23 декември, 2024

„Супер вторник“: Демократските кандидати со поддршка за Џо Бајден да му се спротистави на Трамп за избор на претседател (ВИДЕО)

Предизборите на Демократската партија влегуваат во важна фаза, бидејќи со гласање во серија сојузни американски држави ќе бидат избрани третина од делегатите кои подоцна ќе одлучуваат кој ќе влезе во трката за претседател на САД.

Во трката за кандидат на демократите кој ќе се спротистави на претседателот на САД Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, останаа четири  политичари, поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, милијардерот Мајк Блумберг (78), сенаторките од Масечутес и Минесота, Елизабет Ворен (70) и конгресменката Талси Габард (38).

По убедливата победа на Бајден на изборите во Јужна Каролина во саботата, од трката ненадејно се повлече поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ, а вчера и Еми Клобучар, кои најавија дека ќе го подржат Бајден во освојување на претседателската номинација. И Бутиџиџ и Клобучар се откажаа од трката за освојување на кандидатската номинација по големата победа која Џо Бајден ја освои на изборите во Јужна Каролина.

Демократите денеска гласаат во 14 сојузни држави, Калифорнија, Јута, Колорадо, Оклахома, Тексас, Минесота, Арканзас, Тенеси, Алабама, Северна Каролина, Вирџинија, Масачусетс, Вермонт и Мејн и американската територија, Американска Самоа.

Значењето на „супер вторник” е во тоа што во овие 14 држави и една територија избираат 1.344 од 3.979 (34 отсто) делегати кои на Демократската национална конвенција од 13 до 16 јули во Милвоки, ќе одлучат за партиски кандидати за претседател и потпретседател на САД.

Гласањето за „супер вторник“ е денот Д за натамошното одвивање на трката за номинација за кандидатите за претседател на САД. Во рамките на овој супер вторник се гласа во повеќе сојузни држави 14 по ред каде се бираат делегати кои пак ќе ги избираат кандидатите, кои на Демократската национална конвенција од 13 до 16 јули во Милвоки, ќе одлучат за партиски кандидати за претседател и потпретседател на САД.

Внатрепартиски избори за делегати досега се одржани во четири сојузни американски држави, Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина, каде вкупно се одбрани 155 делегати.

Во моментов води Сандерс со најмалку 58 освоени делегати, по него е Бајден (најмалку 50), а потоа следат Бутиџиџ (26), Ворен (осум) и Клобучар (седум).

Во рамките на денешниот супер вторник, на гласачкото ливче за прв пат ќе се појави милијардерот и поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг кој ги пропушти изборите во првите четири држави. Блумберг според досегашните информации вложил повеќе од половина милијарди долари во кампањата.

The post „Супер вторник“: Демократските кандидати со поддршка за Џо Бајден да му се спротистави на Трамп за избор на претседател (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....