-3.2 C
Скопје
03:58 - 23 декември, 2024

Студија: Во Италија 99 проценти од жртвите на коронавирусот страдале од претходна болест

Италијанските власти вечерва објавија дека уште 475 лица починале од новиот коронавирус од вторникот, а податоците од новата студија што ја објавија покажуваат дека повеќе од 99 проценти од жртвите страдале од претходна болест.

До вчера во Италија починаа 2.503 лица, а поради огромното зголемување на смртните случаи во изминатата недела, експертите детално ги анализирале сите податоци за пациентите за да дознаат што ќе им помогне да се борат со брзото ширење на инфекцијата.

Апсолутниот карантин со кој се соочуваат Италијанците би можел да се продолжи ако не се забават нови случаи, соопштија властите денеска, мерка што ја разгледува премиерот Џузепе Конте. Во Италија досега животот го загубија осум отсто од заразените.

Студијата ја анализирала медицинската историја на приближно 18 проценти од сите што починале и откриле дека само три лица немале претходно болест. Речиси половина од починатите имале најмалку три болести и една четвртина имала една или две болести пред коронавирусот.

Исто така, истражувањето покажа дека 75 отсто од луѓето кои починале, имале висок крвен притисок и 35 отсто се соочувале дијабетес, додека третина имале срцеви заболувања.

Просечната возраст на заразените е 63, но повеќето од оние кои починале биле постари, а во Италија просекот е 79,5 години.

The post Студија: Во Италија 99 проценти од жртвите на коронавирусот страдале од претходна болест appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....