3.8 C
Скопје
20:16 - 20 декември, 2024

Студија на Оксфорд: Вирусот веќе го прележале половина од Британците?

Со коронавирусот ковид-19 можеби веќе е заразено половина од населението на Велика Британија, се вели во студијата изработена од истражувачите на Универзитетот од Оксфорд.

Доколку објавените резултати се потврдат, тогаш ќе се докаже дека само еден од 1.000 заразени лица со вирусот има потреба од болничка нега. Огромниот дел од популацијата воопшто не знае дека е заразен, додека помал дел чувствуваат поблаги симптоми.

– Веднаш треба да почнеме со масовни серолошки испитувања, односно тестирања на антителата, за да можеме да дознаеме до кое ниво е епидемијата – вели д-р Сунетра Гупта, професор по епидемиологија, а воедно и предводник на истражувањето.

Иако звучи како лажна вест, сепак истражувачите од Универзитетот во Оксфорд претпоставуваат дека епидемијата на ковид-19 во Британија почнала да се шири уште во текот на јануари и дека досега повеќе од половина од популацијата се заразила. Ова истражување се коси со сите досегашни, а најмногу со она што беше претставено од Империјалниот колеџ во Лондон, чии резултати помогнаа во креирањето на официјалната владина политика.

– Изненадена сум од неквалификуваната постапка што произлезе од истражувањето на колегите од Империјалниот колеџ – додава Гупта.

Сепак, докторката не сака да ја критикува британската влада за преземените мерки на изолација, бидејќи оксфордското истражување сè уште не е потврдено, а дури и да е во потполност точно, општественото дистанцирање ќе го намали бројот на луѓе што ќе добиваат сериозни симптоми, со што ќе се намали притисокот врз здравствениот систем.

Оваа студија е заснована на податоците на заразата за тоа што се случува во Италија и во Британија, како и стапката на смртни случаи од овие две земји.

Со ова истражување повторно се става фокус врз колективниот имунитет, со што ќе се обезбеди општ имунитет на вирусот, кога поголем број луѓе ќе ги прележат симптомите. Интересно, но токму премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, беше еден од ретките што на почетокот од месецов предлагаше сличен модел за справувањето со епидемијата.

Кога е Велика Британија во прашање, потврдувањето на оксфордската теорија би значела дека земјата веќе го достигнала неопходниот степен на имунизација од коронавирусот, кој се пренесува од човек на човек веќе два месеца. Тоа би значело дека забраната за движење и другите рестриктивни мерки, би можеле веднаш да бидат отстранети.

За обезбедување на неопходните докази, Универзитетот од Оксфорд оствари соработка со Универзитетите на Кембриџ и Кент, со цел да се обезбеди објективно согледување на фактите од три независни извори. Резултати ќе бидат познати за неколку денови.

The post Студија на Оксфорд: Вирусот веќе го прележале половина од Британците? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....