04:33 - 5 ноември, 2024

Старец (103) си донесе 73 години помлада невеста – индонезиската двојка топ тема на социјалните мрежи

Уште минатиот месец индонезиските социјални мрежи пишуваа за контроверзната венчавка во Јужен Сулавеси, кога 103-годишниот холандски колонијален воен ветеран се ожени со 30-годишна жена.

Фотографиите и видео записите од венчавката на двојката веќе недела дена предизвикуваат огорченост и шеговити коментари на социјалните мрежи.

Имаше и такви кои не можат да веруваат дека венчавката е вистинска, но сепак неколку индонезиски весници потврдија дека 103-годишниот Пуанг Кате се оженил со 30-годишната Алу Аланг  во округот Сива.

Младоженецот, кој наводно е вдовец, се борел во холандската колонијална војна (1945 – 1949), пренесува Одити Централ.

„Да, вистина е. Венчавката е одржана денеска попладне во куќата на невестата во улицата Јалан Галико“, изјави за локалниот весник роднина на младоженецот, Ају Ангрени Мучтар.

 

„Не знам точно колку години, но дефинитивно има повеќе од 100 години, тој е холандски колонијален борец. Неговата сопруга има околу 30 години.

Трибун Њуз подоцна ги откри вистинските возрасти на младенците, а 73-годишната разлика зачуди многумина во оваа азиска земја.

На Фејсбук и на Твитер се споделени видео записи на кои се гледа постариот младоженец како е придружуван од момче додека минува низ премин во пресрет на својата млада жена, со што уште еднаш се доведоа во прашање договорените бракови во оваа земја.

Интересно е тоа што, според официјалните извештаи на локалните медиуми, сумата на пари која Кате ја платил на семејството на својата невеста воопшто не била висока. Наводно платил само 5 милиони рупии (околу 312 евра), а дал и златен прстен.

Тие двајца моментално живеат во куќата на младоженецот во Јужен Сулавеси.

The post Старец (103) си донесе 73 години помлада невеста – индонезиската двојка топ тема на социјалните мрежи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....