Италијанката Валентина Вињали е најубавата кошаркарка на светот која во слободно време работи и како манекенка. Потврда за нејзината убавина и езборот за Мис на Италија кога пред девет години се најде во финалето на изборот за најубава Италијанка.
Иако и предвидуваат светла манекенска кариера, Вињали (27 години) се одлучи за својата прва љубов, кошарката и до денеска успешно ги комбинира и двете професии.
Бидејќи не сакаше да се откаже од манекенството, Валентина на почетокот од оваа сезона потпиша за второлигашот Атена Баскет од Рим иако имаше понуди и од најдобрите кошаркарски екипи во Италија.
– Веднаш ми се допадна идејата да играм во Рим бидејќи тоа е историски град. Уште една од причините поради која се одлучив да потпишам за овој клуб е тренерот Франческо Гоџа кој ме тренираше во Помезија – изјави Валентина која на Инстаграм има два милиони следбеници и редовно ги воодушевува со провокативни слики.