18:38 - 2 април, 2026

Извршена обдукција на славниот аргентински фудбалер Марадона

Обдукцијата на телото на Диего Армандо Марадона траеше околу три часа, а за истата засега има само неофицијални информации за тоа што е донесено како заклучок.

„Ел Пибе“ почина во својот дом во Буенос Аирес, а официјалните резултати од обдукцијата сè уште се чекаат.

Прелиминарната обдукција (тим од шест експерти по судска медицина во болницата во Сан Фернандо) вели дека Аргентинецот починал во сон поради срцева слабост.

Или подетално починал од акутна, конгестива и хронична срцева инсуфициенција. Тоа е состојба во која срцето не може да испумпа доволно крв за да го снабди целиот организам.

Исто така, утврдено е дека постои кардиомиопатија, состојба во која срцевиот мускул е толку слаб што не може да пумпа крв. Основниот проблем бил предизвикан од акутен едем на белите дробови, се вели во првичните лекарски извештаи.

Воедно медиумите во Аргентина информираат дека била направена и токсиколошка анализира за да се утврди дали во телото на Марадона имало алкохол или дрога.

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....