„Концептот Македонија – Едно општество за сите, нема алтернатива. Доста е со национализми и со делби. Никој не смее да уценува, рече техничкиот премиер и кандидат за пратеник Оливер Спасовски, носителот на листа во ИЕ 2, во дебата на телевизија Телма.
-Владата се прави врз основа на принципи и програми. Нема концепт за размена на пратеници, ова беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но за нас уцена не е прифатлива- рече Спасовски.
The post Спасовски за предлогот на ДУИ за кандидат премиер: Доста е со национализми, уцени не се прифатливи appeared first on Слободен печат.
Спасовски за предлогот на ДУИ за кандидат премиер: Доста е со национализми, уцени не се прифатливи was first posted on јули 7, 2020 at 9:27 pm.