13.8 C
Скопје
05:30 - 2 мај, 2024

Со маски и почитување на протоколите започна уписот на средношколците (ФОТО+ВИДЕО)

Во средните училишта ширум земјава денеска започна уписот на средношколците кои учебната година ќе ја започнат од септември, а засега не е познато дали новото поглавје во образованието ќе го продолжат со онлајн настава или во училишните клупи.

Уписот на средношколците ќе трае сè до 19 јуни, а од она што можевме да го видиме во неколку средни училишта во Скопје сите кандидати ги почитуваат мерките за претпазливост пропишани во протоколот кој го објави Владата.

Процесот на упис се одвива од 7.00 наутро до 19.00 часот попладне, а на влезот од сите средни училишта се поставени листи со распоред по азбучен ред и термин во кој ќе се врши предавањето на документите, со цел да се избегне создавањето на гужви.

Директорката на медицинското училиште СУ „Д-р. Панче Караѓозов“ во Скопје, Маја Салиу, вели дека првиот ден од уписите се одвива без никакви проблеми, со почитување на мерките и од страна на кандидатите кои доаѓаат и од членовите на комисијата каде тие ги поднесуваат документите.

Во продолжение погледнете го прилогот:

 

The post Со маски и почитување на протоколите започна уписот на средношколците (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Со маски и почитување на протоколите започна уписот на средношколците (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јуни 16, 2020 at 5:45 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....