-3.2 C
Скопје
05:32 - 23 декември, 2024

Словенечката полиција води предистражна постапка за начинот на финансирање на медиумите блиски до Јанез Јанша

Словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата.

Како што објави Телевизија Словенија, се работи за медиуми за кои се сметаат за блиски на Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, која имала блиска соработка со Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот Нецензурирано. Според порталот, најмалку четири милиони евра, компании блиски до Орбан дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и Северна Македонија. Новинарите на Нецензурирано пишуваат дека за овие тврдења имаат документи, кои меѓу другото давале и делумен увид во ширењето на унгарското влијание на Балканот.

Под насловот „Од каде се милионите за медиумите на СДС и Операција Македонија” новинарите Примож Цирман, Весна Вуковиќ и Томаж Модиќ во анализата разоткриваат, како што пишуваат, „октопод” на релација Москва, Будимпешта, Љубљана и Скопје.

– Дознаките од странство докажуваат дека највисокото политичко раководство на СДС (Партијата на Јанез Јанша) е вклучено во финансирањето на медиумите блиски на СДС. Имаме сомневања дека станува збор за операција за која дел од парите дошле од руски извори, пишува словенечките новинари.

Според порталот од две унгарски и една англиска компанија кои биле блиски на партијата Фидес, пари „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму  еден и пол милиони евра биле искористени финансирани за медиуми блиски до Јанез Јанша, а два и пол милиони евра биле дадени на четири медиуми во Северна Македонија. Според графиконот на порталот парите во земјава ги добиле Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер.

Авторите на текстот тврдат дека дел од парите за финансирање на медиуми во Словенија и Северна Македонија доаѓаат од Русија. Тие пишуваат дека се почнало од изградбата на една нуклеарна централа во 2014 година, кога владата на Виктор Орбан одлучила да им ја додели на Русите без јавен тендер. Владимир Путин го смета Орбан за најголем сојузник во Европската Унија, а двајцата политичари ја поддржуваат десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ. Уште во 2017 години повеќе новинари известуваа за активностите на руските разузнавачки служби во ширењето на антизападна пропаганда во Северна Македонија, се наведува во анализата на словенечките новинари.  

Вчера адвокатот на СДС на Јанша, испрати писмо до словенечкиот премиер во оставка Мајан Шарец, во кој бара извинување за негова изјава, дека СДС се финансира со унгарски пари, а во спротивно се закани со тужба.

The post Словенечката полиција води предистражна постапка за начинот на финансирање на медиумите блиски до Јанез Јанша appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....