22:51 - 22 декември, 2024

Си ги остварија соништата и станаа светски шампиони: Ова се најмладите улични свирачи (ФОТО)

Уличните свирачи од „Кнез Михајлова“ ја напуштиле Србија во 2010 година, кога победија на натпреварувањето „Јас имам талент“. Во меѓувреме станаа прваци на светот и сега живеат во Австрија.

Дарко Пилер вели дека и ден-денес ги остваруваат своите соништа и вредно работат на себе.

View this post on Instagram

😎

A post shared by Danijel Piller (@danijelpiller) on

– Животот ни се промени од корен, веќе речиси ги остваривме нашите животни цели. Ќе ги остваруваме и понатака. Во Австрија се преселивме во 2011 година, брат ми и јас завршивме музички конзерваториум, а сега сме вработени како солисти во Војниот оркестар. Свириме соло коцерти со Австрискиот оркестар, постојано се напредува и тоа се големи настапи. Што се однесува до нашата сестра, таа за жал малку ја зафрли виолината и се занимава со други работи. Со шминка, јога и со такви женски работи – вели тој и додава дека со наградата од 100.000 евра од победата во „Јас имам талент“ успеале да купат стан во Белград во кој доаѓаат кога обврските им го дозволуваат тоа.

Дарко открива дека тој и братот Даниел се исклучително горди што станале троикратни прваци во светот во камерна музика.

– По „Јас имам талент“ продолживме многу да вежбаме и да се трудиме. Одевме на разни натпреварувања и така станавме трикратни прваци во светот во камерна музика. Свиревме на разни турнеи, низ Јапонија и Европа. Настапиваме и со еден од најголемите австралиски комичари Ото Шенк, раскажа тој и откри дека за малку им „побегнала“ една награда на едно популарно австралиско натпреварување.

– Учествувавме во шоуто „Голема шанса“, кое е слично на натпреварувањето „Јас имам талент“ и го освоивме второто место. Постоеше тогаш приказна дека доста пати победата ја однеле странци, и дека време било да ја освои некој Австриец. Господинот од жирито Петар Рап имаше коментар дека не сме можеле да победиме бидејќи сме од Србија.

Славата не ги променила

Дарко истакнува дека бројните успеси и славата во која уживаат во Виена не ги променила.

– Не се променивме, останавме исти. Знаеме дека мора да се работи и вежба, мора човек да остане нормален за и понатака да напредува во животот и да ги оствари своите соништа, изјави Дарко.

The post Си ги остварија соништата и станаа светски шампиони: Ова се најмладите улични свирачи (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....