19.8 C
Скопје
11:11 - 6 мај, 2024

Штипјанецот Дамјан Давков државен првак по математика

Дамјан Давков има само 12 години, а математиката му е во срцето. Неговиот талент, успеси на домашни, меѓународни натпревари и олимпијади не се непознати за штипјани и неговите наставници во штипското основно училиште „Ванчо Прќе”. На последниот државен натпревар по математика, кој се одржа на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, и тоа 63-ти по ред, Дамјан го освои првото место.

Најмал по возраст од сите учесници на натпреварот. На листата се гледа дека Дамјан Давков, седмоодделенец, се натпреварувал со ученици од прва година од средните училишта во земјава.

Во услови на пандемија и посебни мерки се одржал натреварот, на којшто математичките таленти го покажаа своето знаење.

– Државниот натпревар беше организиран на високо ниво, со почитување на протоколите и заштитните мерки. Носевме заштитни маски за време на целиот натпревар, вели Давков.

Ученици од неговата генерација во ООУ „Ванчо Прќе” го опишуваат Дамјан како скромно, културно дете, но и кое најмногу знае, не само по математика, туку и по сите останати предмети. Тој меѓу своите сокласници и во училиштето не ги потенцира својот талент и генијалност. Одговорот на прашањето на МИА, на што се должи предизвикот да се натпреварува со ученици од средните училишта, ги потврдува и овие негови карактерни особини.

– Предизвикот да покажам поголемо знаење се должи на тоа што задачите за моја возраст ми се премногу лесни, вели Дамјан.

Ова не е прв натпревар по математика на Дамјан, досега има освоено без број медали на државни и меѓународни натревари.

– Се имам натпреварувано на следните меѓународни натпревари: Јуниорска балканска математичка олимпијада 2019, каде освоив сребрен медал, Иранска геометриска олимпијада 2018 и 2019, и на двете освоив сребрен медал, Европски математички куп 2019 – втора награда, Азиско-пацифичка математичка олимпијада 2020, каде имам пофалница и Математика без граници 2020, каде освоив златен медал и прво место, вели Давков.

Дамјан вели дека има денови кога нема да реши ниту една задача, но може без прекин да решава од два до три часа во текот на еден ден. Не е насочен само кон математиката, има и други предмети кои му се предизвик да ги научи. 

– Ме интересираат јазици, англиски и германски, информатика, вели Давков.

Во разговорот за МИА го прашавме Дамјан и дали му недостига училишната клупа.

– Не, бидејќи имаме многу часови, има работи што се повторуваат и имаме домашна работа која морам да ја пишувам и ми го одзема слободното време, рече Дамјан.

Има 12 години, и како и секое дете на негова возраст сè уште не знае и се нема одлучено која ќе биде неговата професија.

Неговиот наставник по математика Кокан Радев, кој веќе една година му предава, со два збора го опишува својот ученик.

– Дамјан е прекрасно и генијално дете. Одамна ги има надминато наставните програми за негова возраст. Кога ќе ги добијам тестовите од учениците, со посебно внимание го гледам на Дамјан, воодушевен сум од неговото знаење, начинот и патот кој го избира да дојде до точниот резултат кај една математичка задача, вели Радев.

Дамјан учебната 2020-2021 година оди во повисокото осмо одделение со своите сокласници. МИА и претходно објави дека анализите на светско ниво покажуваат дека светската развиена индустрија е „гладна” за вакви талентиПроценките се дека на пазарот на трудот се потребни некаде над пет милиони работници кои поседуваат високи математички знаења и вештини.

Истражувањата на пазарот покажуваат дека зголемувањето на БДП кај големите економии најмногу се должи на експлицитни знаења добиени од математички „иновации” и заради тоа сè повеќе се стимулира студирањето математика.

 

The post Штипјанецот Дамјан Давков државен првак по математика appeared first on Слободен печат.


Штипјанецот Дамјан Давков државен првак по математика was first posted on септември 8, 2020 at 8:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....