2.8 C
Скопје
14:34 - 24 декември, 2024

Шпански град се изолирал од светот: Немаат ниту еден случај на коронавирус

Градот Захара де ла Сиера кој се наоѓа во тврдина во јужна Шпанија во историјата бил користен за одбрана од непријателите. Тој град сега повторно станал вреден во борбата против коронавирусот.

Градот се самоизолирал од остатокот на светот

На 14 март, градот Захара се изолирал од остатокот на светот додека опасниот коронавирус се ширеше низ Шпанија. Градоначалникот, 40-годишниот Сантиаго Галван, одлучил да блокира четири од петте влезови во градот. Тоа го направил на денот кога беше прогласена вонредна состојба во земјата.

Од тогаш, Шпанија забележа повеќе од 100.000 случаи на зараза и 10.000 смртни случаи.

Но, во градот Захара не е забележан ниту еден случај на коронавирус меѓу неговите 1.400 жители.

„Поминати се повеќе од две недели и мислам дека тоа е добар знак“, рекол градоначалникот Галван за Си-Ен-Ен.

Неговите драстични потези имаат целосна поддршка од жителите, посебно од постарите. Речиси четвртина од градот имаат повеќе од 65 години, а повеќе од 30 жители се во дом за стари лица. Околните градови и села имаат заразени со коронавирус, па и смртни случаи.

„Им дадовме мир на жителите“

Еден од влезовите од градот го контролира само еден полицаец. Две лица облечени во заштитна  облека ги мијат возилата кои проаѓаат низ местото со комбинација од белило и вода. Возилата мораат да пројдат низ тој пункт за да им ги исперат гумите.

„Нема возило кое поминало низ овој пункт, а не е дезинфицирано“, рекол Галван. Градоначалникот признава дека мерките можат да бидат од 20 до 80 отсто корисни, а вели дека најважно е местото да е сигурно.

„Успеавме да им дадеме мир на жителите. Знаат дека никој непознат не може да влезе во градот“, додава тој.

Слични мерки се воведени и во самиот град. Секој понеделник и четврток 10 луѓе го дезинфицираат градот, неговите улици, пазари и фасадата на куќите. Еден од нив е локалниот фармер Антонио Атиенза, чив трактор се користи за перење на улиците.

Два автомобили се опремени со музика и светла

Локален работодавач плаќа две жени да доставуваат намирници и лекови за да го смалат бројот на луѓе на улиците. Тие работат околу 11 часа дневно и секој ден имаат повеќе нарачки.

Една од нив, 48-годишната Аукси Раскон вели дека реакциите на граѓаните се одлични.

„Многу се среќни, бидејќи не мораат да излезат надвор. Се чувствуваат побезбедни и посигурни во себеси. Градот превзема вистински мерки во правиот момент и сега гледаме резултати“, рекла таа за Си-Ен-Ен.

Покрај организирање на достава, жените помагаат и на старите кои не можат самите да се грижат за себе, оставајќи им храна и организирајќи ги потребните активности за нив.

Покрај тоа, градот опремил два автомобили со музика и светла за децата од балконите да можат да уживаат во нив.

Ги покриле трошоците за живеење

Главниот приход на градот доаѓа од фамилијарни бизниси и самовработени жители, па градскиот совет одлучил да ги покрие трошоците за струја, вода и данок за време на вонредната состојба. Кафулињата и рестораните кои во тоа место се потпирале на туризам, а кои ги има 19, инаку би се затвориле.

За градоначалникот Галван, тоа е повеќе од финансиска помош. Станува збор за чување на Захара како заедница. Неговиот татко е роден во тој град. Но, градоначалникот знае дека на Захара на крајот ќе и треба помош од Мадрид или регионалната влада доколку оваа состојба продолжи.

„Ќе ни треба финансиска поддршка доколку ова продолжи“, рекол тој за Си-Ен-Ен.

The post Шпански град се изолирал од светот: Немаат ниту еден случај на коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....