Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги обвини косовскиот претседател Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели за попречување на работата на Специјалниот суд во Хаг за злосторства на ОВК.
„Најавите на Специјалното обвинителство за воени злосторства дека беа подигнати обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото против косовскиот претседател Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели во Хаг дополнително ја искомплицираа политичката сцена во Приштина“, се вели во извештајот за периодот од март до септември на Гутереш кој ќе биде претставен пред амбасадорите на Советот за безбедност на 21 октомври.
Тој предупреди и на обидите на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја попречат работата на Специјалниот суд за злосторства на ОВК, кој го обвини обвинителството за „политички мотиви“, а обвинувањата ги нарече „лажни“.
Гутереш во шестмесечниот извештај за состојбата во Косово предупредува дека безбедносната и политичката ситуација во Косово е влошена по падот на владата на Албин Курти и објавувањето на обвиненијата за воени злосторства против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели.
Обвинението за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, киднапирања, прогони и тортура треба да го потврди Специјалниот суд за злосторства на ОВК.
The post Шефот на ОН со сериозно обвинување против Хашим Тачи и Кадри Весели appeared first on Слободен печат.
Шефот на ОН со сериозно обвинување против Хашим Тачи и Кадри Весели was first posted on октомври 13, 2020 at 6:49 pm.