6.8 C
Скопје
10:56 - 16 ноември, 2024

Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Српската Н1 телевизија вчера цело време известуваше за протестите во Белград, кои започнаа по изјавата на претседателот Александар Вучиќ за враќање на полицискиот час поради влошување на епидемиолошка состојба.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Така, репортерите забележаа повеќе инциденти, меѓу кои и овој брутален напад кога полицијата опколи неколку демонстранти кои мирно седат на една од клупите во блискиот парк пред републичкото Собрание:

Видеото се прошири на сите социјални мрежи, а многумина забележија дека и покрај тоа што демонстрантите седеа мирно на клупата, а едниот од нив дури и ги крена рацете, тие сепак беа крвнички нападнати.

Во еден момент полицијата се обиде да ја спречи и репортажата на Јелена Зориќ од Н1, која на полицаецот му одговори „Што правите, ние сме телевизиска екипа, во моментов Н1 оди во живо. Ова е јавен простор и снимаме што правите, ова е нашата работа, да снимаме и пренесеме што вие работите“:

На почетокот од демонстрациите полицијата со минимален број го обезбедуваше Собранието, но потоа беа зајакнати со луѓе, полициски кучиња и со коњица.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Полицијата на неколку наврати тепаше со пендраци и апсеше. Регистрирани се 13 повредени полицајци и 7 демонстранти.

Policija gubi kontrolu i prebija ljude!

Publiée par Ne davimo Beograd sur Mardi 7 juillet 2020

Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

 

The post Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО) was first posted on јули 8, 2020 at 9:09 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....