16:14 - 5 декември, 2025

Се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународен сообраќај

Пандемијата го смени начинот на живот, а особено влијае на патувањата, така што веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид пасоши.

Тоа се апликации за мобилни телефони на кои патниците во меѓународниот сообраќај ќе ги испраќаат своите потврдени резултати од тестовите за Ковид-19 или доказ дека биле вакцинирани, објави американскиот дневен весник Вашингтон пост.

Засега има две такви апликации, од кои едната веќе се користи во САД, додека другата е во завршна фаза на развој.

Пасошот „Ковид”, создаден од непрофитната организација „Комонс проект”, се вика КомонПаш и се користи на летовите на Јунајтед и Катеј Пацифик кон Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг.

Втората апликација се уште ја развива Здружението на меѓународни авиокомпании (IATA) и се нарекува IATA-Travel Passport. Се очекува втората апликација да стапи во употреба веќе на почетокот на 2021 година и да биде достапна за корисниците на Aндроид и оние кои користат уреди на Епл.

Слични објави

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova

Вдовицата на покојниот Синиша Михајловиќ од тага со месеци на излегувала од дома, сега со партнерот има топ бизнис!

Еспресо

Итно хоспитализиран: Синот на Шер се предозирал, веќе со години е во пеколот на дрогата

Еспресо

Актерот кој го глумеше Сулејман Величествениот осуден на затвор за случај поврзан со протестите против Ердоган

Еспресо

Бритни Спирс по вторпат раскина со момчето, тој заминал од нејзината вила

Еспресо
Се вчитува....