2.8 C
Скопје
04:30 - 26 декември, 2024

Се разгоре старата битка меѓу Митревски и Димовски

По три години мир, повторно превирања во најголемата синдикална организација. Викендов, поранешниот претседател Живко Митревски соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба и тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ. Актуелниот претседател Дарко Димовски, пак, возврати „слободно нека ја спроведат пресудата на судот“ и додаде дека таа вели „да се врати назад на разгледување жалбата на Живко Митревски во Второстепената комисија“. Никаде во пресудата не пишува Живко Митревски да се врати како претседател на ССМ, порача Димовски.

– Како „истакнат“ правник, наместо да се фали со првата страна од пресудата на Управниот суд и пресудата на Вишиот управен суд, требало да ги прочита до крај, бидејќи никаде не пишува дека Живко Митревски се враќа како претседател на ССМ, туку дека „тужениот орган при повторното постапување треба да ги има предвид и целосно да утврди дали се исполнети законските услови за упис на промена во надлежниот регистар, односно да утврди дали постапката по кривичниот предмет КО3 бр.583/2016 која во конкретниот случај претставува претходно прашање, е правосилно завршена, а доколку не е правосилно завршена да донесе одлука за прекин на постапката за упис на промена, сѐ до нејзиното правосилно завршување“ – му протолкува Димовски на Митревски.

Претседател на ССМ, објаснува Димовски, не се станува со желба или со пресуда на Управниот суд, која никако не влијае врз работењето на Сојузот на синдикатите на Македонија, туку на Конгрес со избор од делегати избрани од синдикатите здружени во ССМ.

– Од разрешувањето на Живко Митревски, Сојузот на синдикатите на Македонија одржа два конгреса, вонреден во декември 2017 година и редовен 20-ти конгрес на 3 јули 2020 година, на кој за претседател на ССМ е избран Дарко Димовски, а на кој Митревски немаше храброст ниту да се појави, што доволно говори за фактот каков полтрон и претседател на ССМ бил во изминатите години – потсетува Димовски.

Состојбите во ССМ почнаа да ескалираат во зимата 2017 година откако Митревски беше разрешен од должноста, за што гласаа претставниците на гранковите синдикати во ССМ. Потоа Централниот регистар одбиваше да го впише новото раководство на чело со в.д. претседателот Димовски и покрај решението што во тоа време го издаде Министерството за труд и социјална политика, на чие чело беше Фросина Ременски. Во меѓувреме, решението беше поништено од новиот министер од ДУИ, а откако приватното обезбедување изнајмено од Митревски влезе насилно во просториите на Синдикатот, ги избрка синдикалците, кои со денови седеа во холот во зградата, а тројца заедно со Димовски завршија и во болница. И покрај поништеното решение, четирите гранкови синдикати порачаа дека кој ќе биде претседател на ССМ не одредува Министерството, туку Советот на ССМ и единствен легитимен претседател е Дарко Димовски. Митревски поднесе кривична пријава за Димовски. Актуелниот претседател го потсети дека со Решение од Вишото јавно обвинителство – Скопје, со кое се потврдува Решението на Основното јавно обвинителство – Скопје од 18.12.2019 година, е отфрлена кривичната пријава поднесена од Живко Митревски од Битола и се потврдува дека во тој период Дарко Димовски е легитимно избран за вршител на должноста претседател на ССМ.

The post Се разгоре старата битка меѓу Митревски и Димовски appeared first on Слободен печат.


Се разгоре старата битка меѓу Митревски и Димовски was first posted on август 24, 2020 at 1:42 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....