12.8 C
Скопје
10:09 - 4 мај, 2024

Само една фирма од Македонија на штандот за храна во Берлин?!

На меѓународниот саем за традиционална храна „Зелена недела“ што се одржува во Берлин, Германија, на македонскиот штанд има само една фирма – „Кадино“. Од организаторот на македонскиот штанд, Министерството за земјоделство, велат дека годинава се одлучиле да се претстават со бурекот како карактеристичен производ од Македонија. Но, стопанствениците велат дека македонското претставување на саемите многу често не е добро организирано, фирмите се информираат во последен момент и затоа нема интерес за учество.

Сепак, иако само со една фирма, од Министерството за земјоделство се задоволни со случувањата на нашиот штанд. Оттаму тврдат дека тој е еден од најпосетените и дека дневно се даваат по повеќе од 300 пити бурек и други печива.

– На овој саем земјите се претставуваат со нивни традиционални производи. За нас, еден од тие производи е бурекот и затоа Министерството реши да стави фокус на овој традиционален производ. Идната година тематски може да биде ајварот и варијациите од преработената пиперка или сирењата. Зависи од тоа кој ќе пројави интерес да соработува со Министерството, како што тоа го направи компанијата „Кадино“ оваа година – велат од Министерството за земјоделство.

Но, во јавноста се „врти“ и еден фејсбук статус, на Македонецот Зоран Стефановски кој живее во Берлин, а кој јавно го сподели својот револт од тоа како е претставена нашата земја на штандот во Берлин. Во опширниот статус тој раскажа дека годинава партнер на саемот е Хрватска која се претстави со прехранбени производи во цела една хала, дека има чоколадо од Того, кавијар од Волгоград, чаеви од Непал, 300 видови на швајцарски сирења, а дека на нашиот штанд има само бурек кој тој дури и не можел да го проба во моментот кога го посетил.

Директорот на виничката компанија “Макпрогрес“, Глигор Цветанов, кој е и претседател на Клубот на извозници вели дека нашите институции не знаат да направат убав национален штанд, а потфрлаат и со организацијата.

– Државата дава поддршка за саемски манифестации преку Министерството за земјоделство, Министерството за економија и преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Тие меѓу себе не се координираат, а и не се специјализирани за настапи на саеми. Затоа, нашите штандови се најсиромашни на саемите, а фирмите за нив се информираат во 5 до 12 часот – вели Цветанов.

Тој вели компанијата „Макпрогрес“ долги години учествува на странските саеми, но самостојно.

– Многу е важно каде ќе добиете штанд на саемот. Како некој кој е веќе две децении на саемите, ние сега добиваме одличен штанд. Можеби не е лошо да се размислува за субвенционирање на индивидуален настап на извозните компании. А ако сепак имаме национален штанд, тоа навреме треба го одработат специјализирани експерти, затоа што добрите локации се резервираат една година однапред – вели Цветанов.

Саемот во Берлин трае до 26. јануари. Во вкупно 26 изложбени сали, околу 1.500 национални и меѓународни изложувачи ги презентираат своите типични производи и услуги од областа на храната, земјоделството и хортикултурата.

Кој грешно напиша „северномакедонска кујна“?

Откако на социјалните мрежи осамна фотографија на која се гледа дека нашиот штанд е претставен како „Северномакедонска кујна“ („North Macedonian cuisine“), што предизвика бурни реакции во јавноста, од Министерството за земјоделство соопштија дека грешката е исправена.

„Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот е направен нов рекламен банер што е веќе поставен на македонскиот штанд на саемот. Имено, првичниот банер беше предлог на компанијата Кадино, која го има препратено дизајнот до организаторот на саемот. Притоа, направена е техничка грешка при преводот, за која што МЗШВ веднаш реагираше до организаторот и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер. МЗШВ веќе работи на покренување на постапка за утврдување на одговорноста кај лицата од Министерството, вклучени и задолжени во организацијата на саемот“, пишува во реакцијата на Министерството.

The post Само една фирма од Македонија на штандот за храна во Берлин?! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....