-1.2 C
Скопје
19:05 - 22 декември, 2024

Сакале да прокриумчарат отровна храна во Македонија: Запленети се небезбедни месо, локум, супа

Локум, пилешки супи, капсули за кафемати, 20 тони чадено свинско месо со непрецизен состав, 60 тони пилешко од регион во кој имало птичји грип се само дел од субстандардните и фалсификувани или небезбедни производи по здравјето на граѓаните кои требало да завршат во македонските супермаркети, но биле пресретнати и запленети во гигантската акција на Интерпол насловена ,,Опсон 9″.

Во акцијата координирани од канцеларијата на Интерпол во Скопје, учествувале МВР, Агенцијата за Храна и Царинска управа и постигнати се забележителни резултати во вид на заплени на стоки односно фалсификувани и субстандардни прехрамбеди производи и пијалоци. Криминални групи се обиделе да прокриумчарат производи опасни по здравјето на граѓаните, спротивно на законодавната практика според која увозот на храна може да се реализира само по дадени соодветни дозволи за увоз од страна на Агенцијата за храна и ветерина. За забележување е дека оваа практика да се стави „отров” во чиниите на граѓаните е светски тренд, а особено откако настапи корона кризата.

Во гигантската акција што се одвивала во 83 земји, опфатени биле и државите од нашиот непосреден регион. Многу блиску до нас, во соседна Бугарија, во депо откриен е кашкавал контаминиран со ешерихија коли, а уништени биле 3,6 тони небезбедни млечни производи кои што требало да бидат процесирани во сирење. Од Агенцијата за храна велат дека не постои опасност ваквите деривати да биле препакувани и да завршиле на македонскиот пазар.

,,Од 1 декември 2019 година, до 15 јуни годинава, колку што траеше акцијата, во Република Северна Македонија, воопшто не е евидентиран увоз на кашкавал од Бугарија со бугарско преференцијално потекло”, тврдат од Царинска управа за „Слободен печат”.

Генералниот секретар на Интерпол, Јурген Шток изјавил дека како што светот продолжува да се бори со пандемијата од Ковид 19, криминалните мрежи што ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи се крајно решени да профитираат.

– Тоа што запленивме најразновидни и огромни количини на производи од прехрамбената индустрија и пијалаци, им служи како потсетник на граѓаните и на јавноста дека треба да бидат исклучително алертни и внимателни што купуваат, а органите на прогонот и понатаму да внимаваат, да надгледуваат и да реагираат, изјави Шток.

Властите во разни земји откриле и илјадници лажни медицински производи, меѓу кои лажни дезинфициенси, 17.000 лажни китови за тестирање на Ковид 19. На видео материјалите на страницата на Еуропол се гледа дека се запленети прехрамбени производи со декларација на која пишува дека не се за човечка конзумација.

Всушност, операцијата демонстрирала дека глобалните дистрибуциски рути се длабински афектирани од светската здравствена пандемија. За разлика од претходните Опсон операции, вкупно 8 на број, оваа покажала дека значително поголеми количини на храна со истечен рок или храна на чија опаковка биле фалсификувани датумите на истекување на рокот завршувале на пазарите ширум светот. Ова најверојатно се случува зашто криминалците ги користат и профитираат од тоа што постои прекин на ланците за транспорт на храна предизвикани од затворањето на границите.

Во Бугарија, Грција, Италија, Португалија и Швајцарија запленети биле 320 тони шверцувани или неквалитетни и субстандардни млечни производи како расипано млеко и сирење и кашкавал опасен по здравјето на граѓаните. Во акција водена од грчките безбедносни власти, а во која учествувала и Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Исланд и други земји, запленети биле 149 тони масло за готвење. Од нив поголемиот дел од маслото било маслиново и забележано и пријавено од горенаведените држави.  Се шверцувале вотка и вино.

Корона кризата, како што тврди Еуропол, овозможила опасни прехрамбени продукти да можат полесно да ,,допатуваат” до полиците во супермаркетите. Во Америка фарсата отишла дотаму што 147 килограми живи семки од кајсии се продавале како ,,лек за канцер” а на крајот завршиле во пленот на истражителите. Како дел од операцијата ,,Опсон 9″, откриени се 19 криминални групи инволвирани во измама со храна, а уапсени се 406 осомничени. Во пленот на полицијата се нашле 12.000 тони илегални и небезбедни производи, вредни 28 милиони евра. Меѓу заплената доминирале производи од животинско потекло. Интерпол и Европол заплениле 5.000 тони. Потоа следувале лажни или субстандардни алкохолни пијалаци, вкупно 2.000 тони. Зачини во вредност од 306.000 евра биле запленети во Шпанија и Белгија.

The post Сакале да прокриумчарат отровна храна во Македонија: Запленети се небезбедни месо, локум, супа appeared first on Слободен печат.


Сакале да прокриумчарат отровна храна во Македонија: Запленети се небезбедни месо, локум, супа was first posted on јули 29, 2020 at 11:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....