15.8 C
Скопје
20:33 - 4 мај, 2024

САД купуваат на големо: Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир”

Европските земји се соочуваат со недостиг на „Ремдесивир”, кој се употребува за третман на пациенти со ковид-19, бидејќи големи количества на лекот што го произведува компанијата „Гилеад”, се продадени на американскиот пазар.

Во јули оваа година земјите од Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија, кои заедно имаат околу 500 милиони жители, обезбедиле дози на „ремдисивир” за 30.000 пациенти.

САД потпишаа договор со производителот „Гилеад” за продажба на повеќе од 500.000 дози, што е поголем дел од производството на компанијата во минатиот месец.

– Има недостиг на „Ремдисивир”, изјави портпаролот на холандското Министерство за здравство Мартин Јансен, додавајќи дека наскоро, сепак, се очекуваат нови испораки на лекот за кој е докажано дека го забрзува закрепнувањето кај најтешките случаи на ковид-19.
„Ремдесивир” и кортикостероидот „дексаметазон” се единствени лекови што се одобрени во Европа за лекување на ковид-19. Двата лека ги примил и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се лекува и со експериментален коктел од антитела. Бројот на хоспитализирани лица во Европа се зголемува, иако во повеќето земји е сè уште помал отколку пролетта.
– Поради зголемениот број на примени пациенти во болница, драстично расте побарувачката за „Ремдесивир”, истакна Јансен.
Полскиот министер за здравство Адам Ниедзелски изјави дека лекот неdoстасува во некои болници. Последната испорака на „Rемдесивир” за Полска пристигнала минатиот петок.

The post САД купуваат на големо: Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир” appeared first on Слободен печат.


САД купуваат на големо: Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир” was first posted on октомври 7, 2020 at 9:31 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....