2.8 C
Скопје
20:46 - 23 декември, 2024

Сѐ повеќе ученици и наставници во изолација, дали наставата целосно ќе премине онлајн?

Бројот на активни случаи со ковид-19 во земјава во последните денови нагло расте, а тоа не ги одминува ниту училиштата, каде исто така се зголемува бројката на ученици и наставници кои се во изолација.

Последниот таков случај е регистриран во Куманово, каде учителка и 30 првачиња од основното училиште „Крсте Мисирков“ се во изолација, откако еден нивен соученик бил позитивен на коронавирусот.

Детето се заразило од член на семејството, кој за време на продолжениот викенд дознал дека е позитивен, а сега тој заедно со останаѕите ученици кои се во изолација наставата ќе ја следат онлајн.

Вчера пак беше потврден прв случај на наставничка позитивна на ковид-19, поради што 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште „Климент Охридски“ се ставени во самоизолација.

Наставничка од Прилеп е позитивна на коронавирус, 20 ученици одат во самоизолација

По потврдениот случај на наставничката инфицирана со коронавирусот постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од ова прилепско основно училиште, се ставени во самоизолација во траење од 14 дена, информираат од прилепската локална самоуправа.

Покрај ова, потврден е позитивен случај и кај третоодделенец од „ООУ „Блаже Конески“ од Велес, поради што половина од неговото одделение, односно 15 ученици, со кои детето било во иста група, заедно со неговата наставничка, веќе се во самоизолација и наставата продолжуваат да ја следат онлајн за да не дојде до прекин на образовниот процес.

Токму како резултат на овие состојби и од Министерството за образование и наука од претходно излегоа со соопштение, информирајќи дека за 17 отсто е зголемен бројот на ученици кои се префрлиле на онлајн настава од отворањето на училиштата на први октомври.

„Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17%, односно околу 87% од учениците успешно ја следат онлајн наставата“, стои во соопштението на МОН.

Сè повеќе ученици следат онлајн настава, образовниот процес тече непречено, вели МОН

Сепак онлајн наставата моментално се следи само преку Мајкрософт Тимс, но не и преку Националната платформа која и натаму не е целосно подготвена, а за сите оние кои немаат интернет конекција часовите се пренесуваат и преку Националната радио телевизија.

„Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата“, додаваат од МОН.

Филипче: Комисијата утре ќе одлучува дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки

За фактот дека се повеќе ученици продолжуваат со настава на далечина се оглас и и министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека за училиштата засега не се размислува за предвремен зимски распуст, но посочи дека може да се смени функционирањето на наставата со физичко присуство само за одредена општина според епидемилошката состојба.

-Секако ќе се земе предвид ако сериозно се зголеми бројот, посебно ако некој регион или општина сметаме дека е во ризик во делот на функционирање на училиштата Засега не. Сепак размислуваме за овие други мерки како дополнителни во однос на рестрикција во јавниот превоз, а секако и училиштата таму кај што треба – изјави Филипче.

Останува да се види како ќе тече образовниот процес понатаму и дали ќе бидат преземени дополнителни мерки кај учениците кои следат настава со физичко присуство.

The post Сѐ повеќе ученици и наставници во изолација, дали наставата целосно ќе премине онлајн? appeared first on Слободен печат.


Сѐ повеќе ученици и наставници во изолација, дали наставата целосно ќе премине онлајн? was first posted on октомври 16, 2020 at 12:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....