11.8 C
Скопје
21:23 - 19 април, 2024

Ќе се забранат настани, бизнисите ќе затвораат по 23 часот и автобусите ќе возат полупразни

Ако викендов не се смири епидемиолошката ситуација во земјава каде се регистрираат и по 550 нови заразени со коронавирус, тогаш во понеделник Комисијата за заразни болести до владата ќе предложи во јавниот превоз да се примаат патници со преполовен капацитет, целосно да се забранат секакви настани и сите економски оператори да завршуваат со работното време во 23 часот.

Освен тоа, во Собранието следната недела се очекува да се усвојат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, па тогаш ќе биде задолжително носењето на маска надвор постојано, ќе се забрани групирање после 22 часот и ќе има забрана за домашни посети. Очекуваме овие два пакети сериозно да го забават ширењето на вирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Поради тоа што Инфективната клиника е речиси полна со пациенти заразени со коронавирус, целосно спремна е монтажната болница во непосредна близина, а за неа има и подготвен медицински кадар од останатите клиники што ќе работи со новиот наплив на пациенти.

Комисијата за заразни болести направила анализа на случаите и констатирала дека голем дел од граѓаните не можат да посочат каде се заразиле и затоа се третираат места каде што има групирање и главната цел е тоа да се спречи.

Засега полицискиот час е само последна мерка за која не се размислува, зашто се очекува останатите да дадат резултат.

Доктор Жарко Караџовски: Сами ако не си помогнеме болниците ќе се исполнат брзо и ќе има до 1000 заразени дневно!

The post Ќе се забранат настани, бизнисите ќе затвораат по 23 часот и автобусите ќе возат полупразни appeared first on Слободен печат.


Ќе се забранат настани, бизнисите ќе затвораат по 23 часот и автобусите ќе возат полупразни was first posted on октомври 16, 2020 at 12:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....