Градинките, водејќи се според протоколите, ги примија дечињата во градинка. На самиот влез медицинско лице со заштитна опрема им мереше температура на сите деца.
Престојот на децата треба се организира на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи, сместени во одделни простории согласно мoжностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено кога времето го дозволува тоа и во помали групи.
Приемот на деца по воспитна група треба да биде со десет минути временска разлика на влез на кој задолжително е растојание од два метри, а детето го спроведува еден родител и секогаш носи заштитна маска.
Ќе се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, лицата кои доставуваат храна задолжително треба да носат маски и ракавици, храната за децата треба да се остава пред занималната, а децата треба да јадат во неа со претходна дезинфекција на рацете и на масите.
Сите вработени во установата мора да носат заштитни маски, групите на деца на возраст до две години треба да има максимум по шест деца, а на возраст над две години по максимум 15 деца.
The post Родителите ги испратија најмилите во градинка, на врата се мереше температура на секое детенце (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Родителите ги испратија најмилите во градинка, на врата се мереше температура на секое детенце (ФОТО) was first posted on септември 9, 2020 at 8:10 am.