4.8 C
Скопје
02:55 - 21 декември, 2024

Револуција во здравството: Дали лекарите го пронајдоа лекот за рак?

Истражувачи од Велика Британија откриле нов лек кој го намалува растот на агресивни тумори во човечкиот организам.

Станува збор за лек со името берзосертиб, кој влијае на намалување на опасната болест кај половина од пациентите кои учествувале во истражувањето.

Верзосертиб припаѓа на класата лекови АТР инхибитори кои ја блокираат функцијата на протеинот АТР, кој помага на клетките со рак да ја оштетат ДНК-та. Тимот на лекари исто така открил дека туморот во целост исчезнал кај двајца пациенти.

Авторот на студијата, професорот Јохан де Боно од Институтот за истражување на ракот изјавил: „Нашето клиничко испитување прво ја тестира безбедноста на новиот лек, а не’ охрабрува фактот дека во оваа рана фаза на истражување ги имаме и првите резултати“.

Во објаснувањето се наведува дека целта е да се пронајде начин да се спречи обновување на ДНК клетките со рак, бидејќи на тој начин може да се намали ширењето на туморот кај луѓето.

Околу 40 луѓе ја земале дозата на лекот берзосертиб, а научниците кај половина од нив откриле дека ракот престанал да се шири само од овој лек или заедно со хемотерапија.

The post Револуција во здравството: Дали лекарите го пронајдоа лекот за рак? appeared first on Слободен печат.


Револуција во здравството: Дали лекарите го пронајдоа лекот за рак? was first posted on јуни 24, 2020 at 9:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....