2.8 C
Скопје
12:21 - 23 декември, 2024

Регионот руши рекорди: Втор ден рапиден пораст на бројот на новозаболени

Во Македонија во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти, но и 6 починати лица.

Во претходните 24 часа во Србија почина едно лице како последица на инфекцијата од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 761.

Во овој период се тестирани 6.933 лица, а откриени се 173 новозаболени. Во болница на лекување се сместени 301 пациент, од кои 21 се на респиратори. Во Србија од почетокот на епидемијата вкупно се заболени 34.517 лица.

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се евидентирани во последните 24 часа три смртни случаи од ковид-19 и други пропратни болести, со што вкупниот број на починати се искачи на 641.

Во истиот период се тестирани 764 лица, од кои 79 биле позитивни. Вкупно на Косово се регистирани 16.050 заразени од 73.340 тестирани поради сомеж дека се заразени од вирусот САРС-КоВ-2.

Во последните 24 часа во Албанија беа извршени 932 тестови, при што се откриени 167 граѓани позитивни на вирусот САРС-КоВ-2. Излекувани се 8.989 граѓани, со што бројот се искачи на 9304 од почетокот на епидемијата. Во моментов, во инфективната болница „Шефќет Ндроќи“ се лекуваат 239 пациенти, од кои 17 се на интензивна терапија, а 6 пациенти на респиратор. .

Во последните 24 часа, и покрај напорите на лекарите, битката со ковид-19 ја загубија двајца албански граѓани.

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 391 нов случај на Ковид-19, од кои 161 се во регионот Атика, а почина уште едно лице.

Од почетокот на епидемијата, заразени се 21.772 лица, а почина 231 лице.

Во Црна Гора денеска има рекордни нови 344 случаи на заразени со новиот коронавирус, што значи дека денешниот број е поголем од вкупниот број на заразени во првиот бран на епидемијата, кога беа регистрирани вкупно 324 случаи од средината на март до почетокот на мај.

Земјата по втор ден пријавува над 300 позитивни случаи, поточно 362 за последните 24 часа, што е незначително помалку од рекордните 387 во средата, рече утрово Јелко Кацин, портпарол на Владата во Љубљана.

Во Словенија од денеска на сила е забрана за собири на повеќе од десет лица во јавни и во приватни простории.

Бројот на новоинфицирани лица се зголемува во Хрватска во последните неколку недели, а во изминатите 24 часа е постигнат апсолутен рекорд од почетокот на епидемијата со 457 дневни нови инфекции.

Припадници на хрватската армија денеска почнаа со поставување  шатори за тријажа пред Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, објави хрватското Министерство за одбрана.

Растот на новозаболени лица со ковид-19 во еден ден продолжи и во Бугарија каде во изминатото деноноќие се регистрирани 516 случаи, што е за 79 повеќе од претходно.

 

Од последици на коронавирусот се забележани седум починати лица или вкупно 880 од почеток на пандемијата.На болничко лекување во моментот се наоѓаат 1.063 лица од кои 56 на одделите за интензивна нега.

 

 

 

The post Регионот руши рекорди: Втор ден рапиден пораст на бројот на новозаболени appeared first on Слободен печат.


Регионот руши рекорди: Втор ден рапиден пораст на бројот на новозаболени was first posted on октомври 9, 2020 at 8:25 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....