Косопственикот на „Слободен печат“, Александар Родиќ, го продаде својот дел на Владимир Галјак, па така овој реномиран адвокат стана нов партнер во сопственичката структура на најтиражниот весник во Македонија. Договорот за продажба на медиумските компании во Србија и во Хрватска му забранува на Родиќ да се занимава со медиумска работа во Југоисточна Европа.
– Пред четири години, заедно со мојот партнер од Македонија Драган Живковиќ ја препознавме шансата и го претворивме „Слободен печат“ во лидер во печатеното и дигиталното новинарство во Македонија. Својот удел во „Слободен печат“ му го продадов на мојот долгогодишен пријател и соработник Владимир Галјак, затоа што сум сигурен дека тој ќе продолжи да ја развива компанијата во истиот правец: независно, храбро и професионално новинарство – изјави Родиќ.
Галјак вели дека со големо задоволство ја прифатил понудата за купопродажба.
– Станав косопственик на угледната медиумска компанија „Слободен печат“. За мене е голема чест да продолжам по патот по кој Родиќ и Живковиќ направија компанијата да се одликува со професионалност, независност и слобода во работата. „Слободен печат“ е меѓу ретките која во Западнен Балкан успеа да ја оствари таа тешка цел – изјави адвокатот Галјак.
Александар Родиќ стана косопственик во „Слободен печат“ во октомври 2016 година.
The post Промена во сопственичката структура на „Слободен печат“ appeared first on Слободен печат.
Промена во сопственичката структура на „Слободен печат“ was first posted on август 14, 2020 at 12:45 pm.