-0.2 C
Скопје
18:33 - 22 декември, 2024

Приказна за чичкото на Елизабета Втора: Поради љубовта се откажал од престолот

Во јануари 1936 година, постариот син на кралот Џорџ V бил прогласен за крал на Обединетото Кралство и сите доминиони на британскиот Комонвелт и царот на Индија. Всушност, тој официјално не бил крунисан – пред церемонијата на крунисување морал да му го препушти престолот на неговиот помлад брат.

Она со што пошироката јавност не била запознаена кога Едвард станал крал, била неговата двегодишна љубовна врска со Волис Симпсон, американска државјанка и сопруга на угледниот Британец Ернест Симпсон. Тој бил втор сопруг на шармантната Волис, која неколку години претходно се развела од американскиот пилот Вин Спенсер.

Во десеттиот месец од владеењето на Едвард VIII се појавиле гласини дека тој, не само што има афера со Волис Симпсон, туку и планира да се ожени со неа. Кон крајот на октомври таа поднела барање за развод, што уште повеќе ги подгреало озборувањата.

Profimedia

Сепак, во Британија долго време сѐ се сведувало само на гласини, додека во Америка печатот нашироко известувал за љубовните маки на кралот Едвард.

Но денес е познато дека кралот трпел огромен притисок, иако не морал секој ден да се соочува со медиумски написи.

Премиерите на доминионите се спротивставиле на овој брак зашто верувале дека народот нема да прифати жена со два брака зад себе, особено зашто англиканската црква забранувала премажување кога претходниот маж уште е жив. Кралот Едвард имал на ум и дека премиерот на Обединетото Кралство, Стенли Болдвин, би поднел оставка доколку дојде до тој брак, што пак би резултирало со пад на владата и нови избори.

Image result for edward viii profimedia

„Кралицата станува кралица на државата. Поради тоа при изборот на кралица мора да се слушне и гласот на народот“, напишал Болдвин во писмо до кралот Едвард.

Против непочитување на традицијата се побуниле и аристократијата, министрите, како и кралското семејство. Гласините оделе до таму, што на мајката на кралот, кралицата Мери, ѝ било кажано дека Волис Симпсон има некој вид сексуална контрола врз Едвард и дека тие вештини ги стекнала во кинески бордел. Полициските детективи кои ја следеле Симпсон известувале дека таа, покрај врската со Едвард, се гледа и со автомеханичарот Гај Трандл.

Елизабета со татко ѝ и со сестра ѝ Маргарет/Profimedia

Сопругата на американскиот амбасадор одбила да оди на вечера во нејзино друштво. Се зборувало дури и дека кралската љубовница е нацистички агент.

Чичкото на Елизабета II и тогашниот крал се спротивставил на конзервативниот народ, црквата, семејството, традицијата и политичките лидери на Британија и во 1936 година запросил жена која, според правилата, не можела да биде кралица.

Парот постојано се соочувал со непријатни обвинувања, строги правила, осуди, скандали и неподносливи политички притисоци.

На Едвард VIII му биле понудени три солуции за излез од ситуацијата која довела до криза на островот. Премиерот Болдвин предложил:

– Едвард и Волис да се венчаат и таа да стане кралица и против волјата на народот и лидерите,

– да стапат во морганатски брак, однодно да се венчаат, но Волис да не стане кралица, туку да добие пониска титула од титулата на нејзиниот сопруг, или

– кралот Едвард да абдицира и децата кои евентуално би ги добил да немаат можност да застанат на престолот.

Тогаш конечно се огласил и англискиот печат. Високата и средната класа биле против кралскиот брак со двапати разведена Американка, исто како водечките дневни весници, додека „Експрес“ и „Мејл“ биле за морганатски брак.

Profimedia

Кралот донел одлука. По 327 дена на престолот, Едвард VIII потпишал абдикација. На 11 декември, во неговото официјално обраќање кон нацијата преку радиото Би-би-си, тој бил претставен како Неговото кралско величество принцот Едвард и изјавил дека не може успешно да ја врши неговата должност без поддршка од жената која ја сака.

Еден ден подоцна ја напуштил земјата која требало да ја води до крајот на животот и се преселил во Австрија, каде што бил претставуван со титулата војвода од Виндзор. Заедно со саканата сопруга живеел во Париз, во луксузен дом близу Бујонската шума каде што починал во 1972 година, додека животот на Волис завршил 14 години подоцна.

Титулата крал на Обединетото Кралство Велика Британија и сите доминиони на британскиот Комонвелт и царот на Индија ја добил Џорџ, помладиот брат на Едвард, кој во историјата ќе остане запишан како крал Џорџ VI, кој на 41 година се нашол на чело на империјата. Тој немал синови, па го наследила постарата ќерка Елизабета, која денес е рекордер на престолот со речиси 70 години владеење, односно од февруари 1952 година.

Иако до нејзината десетта година било тешко веројатно дека еден ден ќе застане на престолот, тоа секако ќе се случело бидејќи нејзиниот чичко Едвард немал законски наследници, иако се шпекулирало дека има голем број вонбрачни деца.

The post Приказна за чичкото на Елизабета Втора: Поради љубовта се откажал од престолот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....