Ситуацијата со коронавирусот во Нови Пазар и Тутин е сѐ уште многу тешка. Министерот за туризам Расим Љајиќ утринава изјави дека од 2 јули до денеска само во овој град во нејзината болница починале 35 луѓе од корона вирус, меѓу кои и негов близок пријател.
Тој кажа дека во Тутин во истиот период починале 11 пациенти, но, како што рече, тоа се само официјални бројки. Тој смета дека има многу што починале во домашни услови и воопшто не стасале до болница и не биле регистрирани како позитивни на Ковид-19.
Фотографијата која е објавена на Твитер, а на која се гледа како дете седи на столче пред скалите од задниот запуштен влез на детското одделение и прима инфузија, е автентична, потврди Мирсад Ѓерчек, координатор на општата болница во Нови Пазар и најави казни за одговорните.
Mlada pacijetkinja prima infuziju na najsavremenijoj stolici, na najsavremenijem zadnjem ulazu u spejs šatlu od bolnice u Novom Pazaru.
Nemci na ulicama traže da ih Srbija anektira. pic.twitter.com/SyFUkgdXN1— Ristić (@StevanRistic) July 4, 2020
Tamnicaru Srbije, ova slika nevine dece koja ovako primaju infuziju u Novom Pazaru progonice te dok si ziv! pic.twitter.com/yDAnnHNBUg
— Dragan Pavlovic (@DraganP57319911) July 4, 2020
Вработен продавал сандаци
Ѓерчек на денешната прес-конференција за медиумите рекол дека лично го пријавил во полиција вработениот во Општата болница во Нови Пазар вклучен во продажба на лимени сандаци на граѓаните.
„Вработен во нашата болница ангажирал приватна фирма за продажба на сандаци, ние го дознавме тоа и случајот го пријавивме во полиција“, рекол Џерлек.
Џерлек додал и дека 80 здравствени работници се на боледување, од вкупно 632 здравствени работници колку се вработени во Општата болница во Нови Пазар.
The post Преполнет капацитетот на болницата во Нови Пазар: Дете прима инфузија на скалите од задниот влез (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Преполнет капацитетот на болницата во Нови Пазар: Дете прима инфузија на скалите од задниот влез (ФОТО) was first posted on јули 5, 2020 at 1:24 pm.