1.8 C
Скопје
04:37 - 23 ноември, 2024

Правила за летната сезона во Бугарија: Да се избегнуваат фенови, автомати за пијалоци и клима уреди

Хотелите и рестораните во Бугарија веќе можат да пречекуваат гости согласно мерките и препораките дадени од Министерството за туризам. Покрај задолжителната засилена хигиена за секој гостин, сопствениците на сместувачките капацитети се должни на секој турист да му обезбедат санитарен сет, кој вклучува заштитна маска и заштитни ракавици.

Се препорачува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои, доколку е можно, може да ги заменат за вентилатори. Храната мора да се сервира само на отворени простори – на хотелски тераси, почитувајќи ја мерката за оддалеченост.

Масите мора да бидат поставени на растојание од најмалку 1,5 метар и не смее да се дозволи собирање на повеќе луѓе во просторијата за јадење.

Воведени се посебни барања во однос на температурата на складирање и миење на користени садови. Организирање на забавни настани за деца е дозволено само на отворено со строго почитување на мерката за физичко растојание.

Спа центрите во хотелите засега остануваат затворени. Базените ќе работат повторно со строга почитување на пропишаните мерки.

The post Правила за летната сезона во Бугарија: Да се избегнуваат фенови, автомати за пијалоци и клима уреди appeared first on Слободен печат.


Правила за летната сезона во Бугарија: Да се избегнуваат фенови, автомати за пијалоци и клима уреди was first posted on мај 23, 2020 at 1:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....