3.8 C
Скопје
03:15 - 17 ноември, 2024

Пратеникот Мицевски во одбрана на сопартиецот Вељаноски: И јас бев затечен на 27 Април!

Дури шест сопартијци на обвинетиот во случајот за организаторите на настаните од 27 Април, Трајко Вељаноски, од вкупно петнаесеттемина, не се појавија во судницата, во својство на сведоци иако беа повикани токму од поранешниот собраниски спикер.

На денешното рочиште прв сведочеше актуелниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој нагласи дека воопшто небил запознаен со било каков план за насилство во законодавниот дом.

– Имавме координации и тековни активности за делувањето на пратеничката група, но никој од партијата не дискутираше на тема “насилство”. Јас бев затечен од настаните на 27 Април –  изјави Мицевски, одговарајќи на прашањата на одбраната, односно адвокатот Еленко Миланов.

Сведокот додаде дека со оглед на настаните од периодот и најавите за Тиранска платформа стигнувале реакции од многу граѓани и членството, но тие започнале самостојно да се организираат.

– И јас лично бев присутен на неколку мирни протести на ‘За заедничка Македонија’ и бев изненаден од масовноста. ВМРО-ДПМНЕ немаше официјален став за протестите, но се даваше поддршка за ваквиот начин на изразување револт. Никој од обвинетите не даваше напатствија или пак се мешаше во движењето –  рече Мицевски, додавајќи дека од партијата им било сугерирано дента да вниманиваат да не потпаѓаат на вербални провокации.

Во најголемиот дел од сведочењето на пратеникот Никола Мицевски се расправаше за нејаснотиите во соранискиот Деловник за работа, алудирајќи дека точката за избор на нов претседател на Собранието не требала во моментот да биде расправана и ставена на гласање.

На прашање на обвинителката Гордана Смаќоска, пак, Мицевски одговори дека претседавачот на конститутивната седница може да го исклучи микрофонот на пратеник, доколку се пријавил за збор процедурално, а зборува вон темата.

Прашањето на обвинителката се однесуваше на исклучувањето на микрофонот на тогашниот пратеник Зекирија Ибраими, по што започнаа нередите во Собранието, а согласно обвинението настаните биле режирани и организирани логистички токму и од тогашниот претседавач Велјановски.

Рочиштето продолжи со сведочење на пратеникот Панчо Минов.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски.

The post Пратеникот Мицевски во одбрана на сопартиецот Вељаноски: И јас бев затечен на 27 Април! appeared first on Слободен печат.


Пратеникот Мицевски во одбрана на сопартиецот Вељаноски: И јас бев затечен на 27 Април! was first posted on септември 4, 2020 at 11:36 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....