22:21 - 22 декември, 2024

Поранешниот шеф на СТО: 50 отсто од светската популација може да биде лишена од пристап до вакцината во рок од неколку месеци

Третиот мировен форум, што ќе се одржи во Париз во ноември, ќе биде посветен на светот по-Ковид-19 и начините за излез од пандемијата, јави дописникот на МИА.

Како што соопштија организаторите на форумот, трката за вакцини, борбата против ширењето на вирусот и промовирањето на мултилатералност, кој изгуби многу енергичност во последните месеци, ќе биде во центарот на овој меѓународен собир од 11 до 13 ноември. Жустин Вајс, генерален директор на форумот ја сумираше агендата на собирот со следните зборови: „кои треба да бидат принципите на пост-ковидскиот свет? Прво како да се излезе од него, потоа како да се обликува светот што доаѓа? “.

На форумот ќе бидат испратени меѓу 30 и 60 придонеси од шефови на држави, влади и меѓународни организации, од кои 10 до 15 од нив се очекува да бидат физички присутни, додаде генералниот директор. Како минатата и претходната година, САД нема да испратат ниту еден официјален претставник на форумот.

-Голем ризик, во ова нарушување, е дека 50 отсто од светската популација може да биде лишена од пристап до вакцината во рок од неколку месеци, што би претставувало голем, катастрофален колективен неуспех, процени претседателот на Форумот и поранешен шеф на Светската трговска организација (СТО), Паскал Лами.

-Овој проблем со вакцините ќе доминира на меѓународната агенда во следните недели и месеци, додаде тој, верувајќи дека мултилатералниот пристап, посебно на владите, меѓународните организации, невладините организации и приватни компании, имаат повеќе шанси да постигнат нешто, отколку само изолирани пристапи.

Вкупно, според неодамнешните официјални податоци, досега 184 земји се приклучија на меѓународниот систем за набавка и дистрибуција на вакцини Ковакс: 92 земји со ниски и средни примања кои ќе добиваат дози бесплатно и 92 земји со „високи приходи” кои ќе одат преку Ковакс за да се снабдат, но ќе треба да ги плаќаат дозите. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во неделата повика на глобална солидарност во дистрибуцијата на која било идна вакцина, во услови на експлозија на бројот на случаи на целата планета.

-Не можам да замислам полоша ситуација од онаа во која би се нашле за неколку месеци, гледајќи на планета каде некои би имале пристап до вакцината, богатите, белците, кога друг дел од човештвото ќе биде оставено настрана, инсистираше Паскал Лами.

Извор:МИА

The post Поранешниот шеф на СТО: 50 отсто од светската популација може да биде лишена од пристап до вакцината во рок од неколку месеци appeared first on Слободен печат.


Поранешниот шеф на СТО: 50 отсто од светската популација може да биде лишена од пристап до вакцината во рок од неколку месеци was first posted on октомври 28, 2020 at 7:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....