Полицијата во Белград успеа да ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус.
Белграѓани излегоа на протест и влегоа во Собранието, не сакаат полициски час (ВИДЕО)
Протестот почна со само неколку стотици учесници, и подоцна се собраа илјадници. Дел од демонстрантите влегоа во зградата на Собранието, се случија инциденти и судири со полицијата.
Демонстрантите фрлаа со јајца, камења, пластични шишиња и факели кон полицијата, десетици контејнери беа запалени, а според првите извештаи има и повредени од двете страни.
Откако полицијата доби засилување, ги растера демонстрантите со солзавец пред Собранието, а полициската коњаница и единицата со кучиња беа изнесени на улиците.
Локалните теллевизии во живо на емитуваа од напади врз полицијата, но и бруталност на полицијата во цивилна облека и апсењето и тепањето демонстранти.
Најмалку две полициски возила беа запалени. Откако доби засилување, полицијата ги потисна демонстрантите од платото пред српскиот Парламент кон околните улици во околу два часот по полноќ.
Протестот почна пред 21 часот кога се собраа неколку стотици демонстранти, на кои им се придружија неколку илјади по повикот на социјалните мрежи, а група демонстранти ја пробија вратата и влегоа во зградата на Парламент.
Ескалација на насилството во Белград, реагираше државниот врв (ВИДЕО)
Пратеникот во српскиот Парламент, Ѓорѓе Вукадиновиќ, рече дека „таква, непотребна, бруталност на полицијата и толку многу солзавец не е регистрирано од 5 октомври 2000 година” кога режимот на Слободан Милошевиќ беше соборен со протести.
Полицијата доби дополнително засилување околу два часот по полноќ со што успеа да ги растера демонстрантите. Директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, рече утрово дека полицијата ја „контролира ситуацијата” пред српскиот Парламент.
За првпат во Белград од почетокот на мај ќе биде воведен полициски час, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој истакна дека „сите болници во (српскиот главен град) се речиси полни. Особено во Белград ситуацијата е критична, бројките (таму) се многу лоши”.
Вонредно обраќање на Вучиќ: Полициски час од петок до понеделник, забрана на јавни собири (ВИДЕО)
Во Србија вчера беа пријавени 13 смртни случаи од новиот коронавирус – најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Новите заразени се 299 – просекот минатата недела беше меѓу 250 и 350.
Вкупниот број на потврдени заразени во Србија е 16.719. Од нив 330 починале.
Активните случаи во земјата вчера беа малку под 3.000. Во критична состојба се110 пациенти.
Забраната за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено, стапува на сила денеска во Белград, а полицискиот час од петок до понеделник.
Поради влошената епидемиолошка состојба во Србија, повеќето земји во регионот, вклучувајќи ја и омилената туристичка дестинација на Србите, Грција, им забранија на српските граѓани да влезат на своја територија.
The post Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) was first posted on јули 8, 2020 at 7:46 am.