Девојчето (15) кое беше тешко повредено во земјотресот што вчера го погоди Загреб, почина денеска, изјави директорот на Клиниката за детски болести во „Клаичева“, Горан Роиќ.
– И покрај сите напори на лекарите, девојчето им подлегна на тешките повреди – рече Роиќ.
Девојчето беше повредено во земјотресот на улицата „Ѓорѓичева“ во Загреб.
Во земјотресот се повредени 27 лица.
The post Почина 15-годишното девојче кое беше повредено во земјотресот во Загреб appeared first on Слободен печат.