-2.2 C
Скопје
03:28 - 22 декември, 2024

По препорака на Владата: Драмски театар го прекинува репертоарот до 6 март

драмски

Националната установа Драмски театар – Скопје денеска соопшти дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава.

Согласно ова, како што се наведува во соопштението, откажана е претставата „Луди за љубов”, што требаше да се одигра утре на сцената на овој театар.

Билетите доделени како гратиси, добитниците може да ги заменат за друга претстава на билетарницата на Драмскиот театар – Скопје, се додава во соопштението.

Владата во петокот издаде препораката за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март, нагласувајќи дека апелот важи за сите, особено за оние каде се очекува присуство на голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство.

По препораката на Владата беа откажани Струмичкиот карневал и Карневалот „Прочка” во Прилеп, а спортските настани во текот на викендов се одржуваа без присуство на публика.

The post По препорака на Владата: Драмски театар го прекинува репертоарот до 6 март appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....