13.8 C
Скопје
17:52 - 19 април, 2024

Платформата ќе задоцни на првиот школски час

Од денеска официјално почнува новата учебна година, а за поголемиот дел од учениците поради пандемијата со ковид-19 таа ќе почне онлајн, односно преку учење на далечина, со помош на неодамна претставената Национална платформа за е-учење.

Учениците до трето одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство, додека сите останати ќе следат онлајн настава, освен оние средни училишта кои ги исполнуваат условите за одржување на физичка настава.

Средношколците се заканија бојкот во ноември

Лидерот на Сојузот на средношколци во земјава, Бленди Ходаи, вчера во свое обраќање пред МОН соопшти дека Владата не го прифатила нивното најважно барање, а тоа е учебната година да почне со комбиниран модел на настава, истакнувајќи дека месецов ќе ја следат состојбата со епидемијата и ако е стабилна, ќе бараат тој модел да се примени од ноември, а доколку не се исполни нивното барање, средношколците ќе ја бојкотираат наставата.

– Нашето најважно суштинско барање, учебната година да започне со комбиниран модел, не е прифатено од органите за образование и Владата. Сојузот на средношколци веќе со недели е во постојан контакт со средношколци од сите градови и постигнавме консензус за следните чекори на Сојузот. Направивме компромис почитувајќи ги епидемиолозите, учебната година да почне од далечина, но доколку епидемиолошката состојба во текот на октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел, во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче – изјави Ходаи.

Лидерот на средношколците ги пофали чекорите на образовните власти кон подобрување на онлајн наставата преку создавање на националната платформа за учење на далечина, односно од дома, но констатираа дека доколку платформата не е функционална, некој ќе треба да преземе одговорност за тоа.

– Ние немаме реагирано досега за националната платформа, бидејќи сакаме да почекаме до утре како ќе почне учебната година од далечина. Ако платформата не е функционална, ние ќе бараме некој да преземе одговорност, не може некој да си игра со образованието. Од април имавме многу време да се подготвиме и сега не може платформата да не биде функционална – посочија од Сојузот.

За експертите платформата е идеално решение

Во претходните денови учениците во земјава почнаа со тестирање на националната платформа за е-учење, при што веднаш се регистрираа првите проблеми со недостапност на платформата, меѓутоа од МОН од претходно истакнаа дека тоа е нормално и е дел од тестот за издржливоста на платформата.

Иако по овие проблеми со логирањето многу родители, но и ученици реагираа, односно укажаа на нефункционалноста на платформата, сепак експертите велат дека таа е најдоброто можно решение за онлајн настава во моментот и изразија надеж дека проблемите набргу ќе се надминат.

– Ги охрабрувам сите родители, но и наставници и ученици, да не стравуваат, платформата е лесна за учење и е вистинскиот начин за учење во овој момент – вели Николче Шулевски, кој е доктор на науки по методика на онлајн настава и еден од националните обучувачи во земјава.

За проблемите со тест-периодот и Шулевски вели дека тоа е очекувано, но истакна дека според него, тешкотиите би требало да се надминат и учебната година да започне непречено за сите.

Во врска со проблемите при тестирањето на Националната платформа, министерката за образование Мила Царовска посочи дека тие тековно се јавуваат и се надминуваат.

– Наставниците добиваат инструкции и важно е да ги следат и порталот и веб-страницата на министерството за сите нови инструкции што се даваат таму и можеме да имаме добар старт за да се поврзат со учениците и да го одржат класниот час и понатаму да работиме сите заеднички. Го правиме првиот чекор кон дигитализацијата на образованието – рече Царовска.

Настава ќе може да се следи и на МТВ

Семејствата што имаат повеќе деца, наставата од далечина ќе можат да ја следат и на јавниот радиодифузен сервис МТВ, каде што ќе има часови, според распоредите на училиштата и одделенијата – нагласи министерката Царовска.

– Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент што се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да отпечатат и материјали што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови. Ова е за оние што нема да можат да се приклучат онлајн – истакна Царовска.

The post Платформата ќе задоцни на првиот школски час appeared first on Слободен печат.


Платформата ќе задоцни на првиот школски час was first posted on октомври 1, 2020 at 8:41 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....