Претседателот Стево Пендаровски објави дека ќе потпише нови 14 дена вонредна состојба почнувајќи од утре.
Тој ова го соопшти по одржувањето на седницата на Советот за безбедност.
Во изминативе дена повторно има поголем број на новодијагностицирани случаи со Ковид-19, а пред неколку дена во земјава и официјално се укина полицискиот час.
– Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се борат со здравствените и социекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите – рече Пендаровски.
The post Пендаровски: Нова вонредна состојба од 14 дена appeared first on Слободен печат.
Пендаровски: Нова вонредна состојба од 14 дена was first posted on мај 30, 2020 at 1:42 pm.