5.8 C
Скопје
18:36 - 27 ноември, 2024

Пејачката Тања Царовска со малолетното дете ќе бидат пуштени во самоизолација

Државниот секретар доктор Владимир Милошев денеска потпишал дозвола пејачката Тања Царовска која со своето малолетно дете беше сместена во државен карантин во хотелот Ибис, да замине во домашна изолација заедно со детето. Доктор Милошев за Слободен печат тврди дека негов личен став е дека родителите со малолетни деца кои се враќаат од странство и заминуваат во државен карантин, како дел од заштитните мерки за справување со коронавирусот, всушност да се дозволи да одат во домашна самоизолација.

Пејачката Царовска на социјалните мрежи тврдеше дека на нејзиното дете не му била пружена здравствена заштита, поради компликации кои се развиле од запаление на увото.

Милошев пак, тврди дека тоа не е точно, туку дека на Царовска веднаш и било понудено, согласно протоколите да замине со возило на итната помош во болницата 8 Септември, на специјалистички преглед за состојбата со увото. Детето, како што додава државниот секретар за ,,Слободен печат” било веднаш прегледано уште во хотелот Ибис, од дежурниот доктор.

Согласно протоколот, и беше понудено, бидејќи сите луѓе што се во карантин се третираат како суспектни пациенти за Ковид 19, да биде префрлена со детето со налог во 8 Септември како ковид центар. Таа тоа го одби и инсистираше да оди во државна болница, што ние не можеме да го дозволиме. Се работи по протокол. Сепак, денеска потпишав дозвола да оди во домашна изолација бидејќи е со малолетно дете, ни изјави Милошев.

Пејачката Царовска пак, на својот Фејсбук профил раскажува сосема поинаква приказна во која воопшто не се споменува понудата за болнички преглед во 8 Септември. Таа денеска тврдеше дека блиски ќе и донесат лекови на рецепција во хотелот кои не знае дали ќе може да ги прими, бидејќи протоколот налага медицински тим да ги одобри.

-Значи сеуште сме во соба со истата ситуација. Да ви појаснам, во собава имаме само купатило со мал умивалник. Немаме кујна, немаме рингла, немаме ни маса за јадење. Ако бевме во домашни услови немаше да дојде до ова зашто ќе можев да си го лечам детето, посочи Царовска.

Таа тврди дека состојбата на нејзиното дете со болки во увото се влошила и дека тоа траело уште во Англија пред две недели.

Ќерка ми има воспаление на увото веќе 12-13ти ден. И почна во Англија после бањање, со блага болка, веројатно и влезе вода. За жал доктор таму не сакаше да не види туку само преку телефон ни препорача капки дексаметазон со неомицин. И ги ставав капките 5-6 дена, и и доаѓаше подобро но сепак имаше амплитуди, од време на време ја фаќаше болка. Транзитиравме во Македонија. Се надевавмедека поминува. Но за жал вчера пак почна да ја боли и да се засилува болката. Вчера вечерта викнавме доктор што е овде наводно дежурен во карантинот. Им кажав дека детево треба да биде прегледано од доктор зашто очигледно има воспаление. Детево воопшто не го ни допираат, стојат 2 метри подалеку, демек да не сме заразени. Докторот што дојде кажа дека во 10 вечерта ќе дојде докторка која е специјалист по уво, нос и грло и таа повеќе ќе знае да ни помогне. Чекавме до 11 но никој не се појави. Се јавив на телефон на рецепција, никој не одговори. Во 1 по полноќ веќе не можеше да спие од болка. Отворив врата и му реков на дежурниот од полиција што ни е пред врата да викне некој од рецепција зашто ни треба доктор. Ако излезам од соба казната е 2000 евра, така ни беше кажано, додава таа. Од рецепција полицијата и кажала дека докторката не дошла и да се јави на 194 да викне брза помош.

Беше навистина доцна но кажав дека утре изутрина ќе викнам. И дадов парацетамол и така некако заспа едвај, во 4 по полноќ. Кога станавме денес прво што направив се јавив на рецепција да викнам доктор. Се качи една докторка, исто во космонаут одело и и рече на ќерка ми да стави маска. Стави маска ама докторкава пак од 2 метри ни кажува дека не може многу да стори, дека треба да пази да не и влегува вода и да и давам парацетамол и да продолжам со дексаметазонот. И кажав дека не и делуваше се што правевме до сега, дека сериозно има воспаление и треба детето да се прегледа од доктор, дека треба да се види што е точно, можеби е запушен канал, можеби треба да се исчисти, како и да е потребен е сериозен преглед на увото а не нагаѓање од далеку. Ми кажа дека тоа ќе напише во извештајот, дека детето го боли увото. Толку. Еве го детево пак плаче од болка, увото е потполно затнато но јас немам граѓанско право да го однесам на лекар, треба да оставиме на судбината. Ги прашав што чекаат, да стане воспалението толку лошо па да почне да дига температура? Ми рекоа не, нема да дигне од ова температура, ќе помине само. Иако две недели нема поминато и сега е полошо од секогаш, напиша пејачката на својот Фејсбук профил. Постот стана широко споделуван.

The post Пејачката Тања Царовска со малолетното дете ќе бидат пуштени во самоизолација appeared first on Слободен печат.


Пејачката Тања Царовска со малолетното дете ќе бидат пуштени во самоизолација was first posted on мај 21, 2020 at 11:55 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....