1.8 C
Скопје
09:26 - 22 декември, 2024

Папата Франциск за првпат поддржа легализација на истополови бракови: Имаат право на семејство

Во документарец што денеска беше премиерно прикажана, Папата Франциск вели дека геј лицата треба да бидат во можност да го легализираат своето партнерство, пишува „Ројтерс“, што е една од неговите најдиректни изјави на поддршка на ЛГБТ популацијата.

– Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се Божји деца и имаат на семејство. Потребно е да се направи закон за граѓанска брачна заедница. На тој начин тие би биле правно покриени. Јас се залага, за тоа“, рече Папата Франциск, изјаснувајќи се така за животно партнерство на геј лицата што досега претставува невиден став во Католичката црква.

Ваквиот став тој го истакна во документарецот „Франциск“ што денеска беше премиерно прикажан во рамки на филмскиот Фестивал во Рим.

Папата претходно беше против легализација на истополовите бракови

Евгениј Афиневски, авторка на филмот кој се бави со ликот и делото на актуелниот поглавар на Католичката црква, рече дека Папата Франциск го истакнал ставот за време на интервју што било реализирано за потребите на филмот.

Неговата директна поддршка за граѓанска заедница на геј лицата е поинаков став од оној што го имаа неговите претходници, но и неговите досегашни погледи. Имено, додека беше надбискуп на Буенос Аирес, Франциск беше против легализација на истополовите бракови, меѓутоа поддржуваше идеја за некаков облик на нивна легализација, како што тврди и Серхио Рубин, биограф на Папата. Ова е, сепак, прва негова јавна поддршка.

Папата говореше во делот на филмот посветен на Андреи Рубери, хомосексуалец кој со својот партнер посвои три деца. Рубери кажува како своевремено отишол на утринска миса што Папата ја служел во неговиот дом во Ватикан и му предал писмо во кое ја објаснува неговата ситуација.

На Папата во таа прилика му рекол дека заедно со својот партнер сакаат да одгледаат деца како католици, но не бил сигурен како ќе бидат прифатени во локалната парохија. Од филмот, пак, е нејасно во која држава живее Рубери.

Натаму, Рубери вели дека Папата по неколку дена го контактирал телефонски, му рекол дека писмото го допрело и го советувал да ја посети локалната парохија со децата, но и да биде подготвен дека ќе бидат одбиени.

Во филмот се гледа како Рубери му предава писмо на Папата, а потоа и како дава изјава дека го послушале неговиот совет и дека се среќни што го сториле тоа.

Автор на филмот „Франциск“ е Евгениј Афиневски

Автор на филмот „Франциск“ е Евгениј Афиневски, кој сакаше неговиот документарец да испрати порака на надеж, па како главен лик го одбра единствениот светски челник кој, според него, може да го обедини светот – Папата Франциск.

– Нишката на овој филм сме ние како човечки суштества кои секојдневно предизвикуваат катастрофи. А, тој е единствениот што нè спојува низ тие нишки, изјави Афиневски, американски државјанин со руско потекло.

Тој во 2016 година беше номиниран за Оскар со филмот „Зима на огнот“ посветен на народното востание во Украина. Откако „Повик од Сирија, уште еден филм за граѓанска војна, го одведе до „најмрачните страни на човештвото“, почувствувал дека треба да сними нешто што го подигнува духот.

Филмот е посветен на горливите проблеми, како сè поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните, расизмот, климатските промени, сексуалното насилство, мкиграцијата, криумчарењето на луѓе, политичките поделби и односот меѓу христијаните, муслиманите и евреите.

The post Папата Франциск за првпат поддржа легализација на истополови бракови: Имаат право на семејство appeared first on Слободен печат.


Папата Франциск за првпат поддржа легализација на истополови бракови: Имаат право на семејство was first posted on октомври 21, 2020 at 8:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....