4.8 C
Скопје
01:36 - 26 декември, 2024

Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители

Тоа што во земјава се појави и третиот пациент што е заразен со коронавирусот по вторпат, откако еднаш се негативизирал, ја наметнува дилемата дали вакцината што ќе се појави, ќе биде долготрајно делотворна, со оглед на тоа што е очигледно дека некои луѓе воопшто немаат антитела, а дури и ако ги имаат не траат долг временски период.

Во кумановската болница пред месец и половина по вторпат од Ковид 19 се заразија две медицински работнички од болницата, иако веќе еднаш го прележале вирусот и се негативизирале. И 46 годишен штипјанец по вторпат е позитивен на корона. Првиот пат болеста ја поминал без симптоми и во јуни имал два негативни бриса. Меѓутоа, два месеца подоцна, тој е хоспиталиран во штипското Инфективно одделение со посериозна клиничка слика, а со вирусот се инфицирал како член на семејство кое има вработени во штипската текстилна индустрија.

Штипјанец кој пред месец и пол бил излечен од Ковид-19, повторно е заразен

Запрашан дали фактот што има пациенти кои и по прележан Ковид повторно се заразуваат, ќе значи и дека ќе треба повеќекратно да се вакцинираме на секои два месеци, директорот на ЦЈЗ Скопје, епидемиологот Александар Стојанов за „Слободен печат“ изјави дека ова е дилема која постои во целиот свет и дека прашањето е многу тешко.

– Ова е многу тешко прашање, на кое што не можам да одговорам со да или со не, затоа што тоа е дилема во цел свет. Непознаница е дали тоа повторно заразување има ист квалитет како првото заразување, дали е исто заразно како првиот пат, дали е тоа некој заостанат фрагмент и заостанат вирус што дава позитивен резултат или е навистина пациентот болен со симптоми. Може да биде носител а да не е болен човекот. Такви болести има милион. На пример некој може да е носител на салмонела две години а да не пројави болест. Првичните сознанија се дека вакцината ќе се дава на двапати. И СЗО веќе објави дека има скептицизам околу вакцината. Така што мора да ги видиме сите искуства што ќе се случуваат во светот Досега серумските испитувања што се правеа односно скринингот со серумски антитела, не дадоа задоволителен резултат. И ако некои пациенти имаат антитела им траат два до три месеца и потоа ги немаат.Значи можно е болниот да немал антитела створено па затоа пак се заразил, може да се работи и за нова инфекција но дали е нова или заостаната стара не можеме да знаеме. Како и да е, тоа се неповолни вести за правење на вакцината. Многу ќе беше полесно ако по прележаната болест се создаваат трајни антитела, вели Стојанов.

Професорот Никола Пановски пак посочува дека најверојатно тие што повторно се позитивни на Ковид 19 откако еднаш се негативизирале, првиот пат воопшто не биле болни.

– Треба да се види дали тие првиот пат биле болни. Најверојатно во овие случаи вирусот не се проширил во организмот и не се развил имунитет поради тоа. Или пак, втората опција е првиот наод да им бил лажно позитивен. На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Директорот на СЗО Тедрос Гебрејсус пред неколку дена порача дека во моментот нема брзо решение за Ковид 19 иако во последна фаза се неколку вакцини, меѓу кои најветувачка е онаа од Оксфорд.

– Се надеваме дека ќе имаме неколку ефикасни вакцини кои ќе им помогнат на луѓето да не се инфицираат. Сепак, во моментот нема брзо решение и можеби никогаш нема да има. Засега, спречувањето на ширењето се сведува на контролан а болеста, изолација, третирање на пацинетите и карантин за нивните контакти. Правете се од ова, порача тој.

The post Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители appeared first on Слободен печат.


Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители was first posted on август 6, 2020 at 12:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....