Исланд, која успешно ја стави под контрола епидемијата на коронавирус и спроведе најмногу тестови по глава на жител од било која друга земја, планира да им понуди на патниците бесплатен тест за инфекцијата со цел да избегнат 14-дневен карантин.
Владата на Исланд соопшти дека ќе на патниците ќе им понуди тестови за коронавирусот непосредно по слетувањето на аеродромот Кефкавик најдоцна до 15 јуни, а државата ќе ги сноси трошоците за тестовите.
Владината канцеларија наведува дека се работи на детали за оваа понуда, а од патниците подоцна ќе се бараат пари за да се надоместат трошоците. Според планот, кога патникот ќе биде тестиран, нему ќе му биде дозволено да оди дома или во хотел. Доколку во декот на денот се испостави дека тестот е позитивен, тоа лице би ги поминало барем наредните 14 дена во карантин, пренесува „Гардијан“.
Оние кои ќе покажат медицински документ со кој се докажува дека не се заразени со коронавирусот, нема да мора повторно да бидат тестирани.
Според најновите податоци, во Исланд, која има население нешто повеќе од 364.000 жители, само 1.801 лица се заразени со коронавирусот, а 10 лица починале.
„Гардијан“ наведува дека првите три случаи на оваа инфекција се регистрирани во мај. Исланд досега тестираше 54.791 луѓе, што е повеќе од 15 проценти од населението.
Да потсетиме, Исланд неодамна тестираше околу 3.000 луѓе во еден момент, а 218 од нив беа заразени. Епидемиологот, Торолфур Гуднасон тогаш изјави дека половина од заразените немаат никакви симптоми.
-Овие податоци би можеле да бидат корисни за научни истражувања за вирусот во иднина- додаде тој.
The post Оваа земја во Европа направи чудо во борбата против коронавирусот, на туристите им нуди тест наместо карантин appeared first on Слободен печат.