22:43 - 22 декември, 2024

Османи за „Етнос”: ДУИ ќе одлучи која партија ќе учествува во нашата коалиција

Оценувам дека ДУИ ќе го добие мандатот да формира влада, а ние ќе одлучиме која партија од Северна Македонија ќе учествува во нашата коалиција, вели Бујар Османи за грчкиот весник „Етнос”.

Во текстот под наслов „Османи: Динамично ќе продолжиме со спроведувањето на Договорот од Преспа”, грчкиот весник ги пренесува ставовите на вицепремиерот и член на ДУИ, како во однос на изборниот резултат и постизборните разговори меѓу партиите, така и за Договорот од Преспа и пристапните преговори со Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на предизборните односи на ДУИ со Зоран Заев, кои, како што пишува „Етнос” беа обележани со чести конфронтации, а „поранешниот премиер неколку пати ја испрати најголемата албанска партија во опозиција”, за тоа дали ова ќе влијае врз формирањето влада Османи „истакна дека е нешто за што треба да се праша Заев” и според весникот, додал дека по резултатите не смета дека лидерот на СДСМ останува на истата позиција.

-Во секој случај резултатот од изборите покажува дека ние, а не некој друг ќе одредиме кој ќе влезе во нашиот владин состав. Па така, оценувам дека ДУИ ќе го добие мандатот да формира влада, а ние ќе одлучиме која партија од Северна Македонија ќе учествува во нашата коалиција, вели Османи.

Резултатите од изборите ги карактеризира како „најдобар резултат за стабилноста и евро –атлантската перспектива на земјата, но и за добрососедството, кое обезбедува хармонични односи и рамнотежа во внатрешноста” и вели дека по изборните резултати, нивната моќ е зголемена.

-Изборниот резултат, од една страна ја прави ДУИ клучен фактор во одредувањето на идните политички случувања во земјата, а од друга страна ја одразува конструктивната улога на партијата во изминатиот период како гарант за започнатото спроведување на сите договори како што е Договорот од Преспа со Грција, Договорот за добрососедство со Бугарија, но и Охридскиот рамковен договор. А ДУИ е синоним на овој процес за стабилност, евро -атлантска перспектива, добрососедство и обезбедување рамнотежа во внатрешноста, објаснува Османи.

За преговорите меѓу партиите за формирање влада, вели дека преку брз процес неопходно е што поскоро да се формираат институциите за справување со пандемијата, со социјално – економските последици, но споменува и дека земјата се наоѓа на чекор пред почеток на пристапните преговори.

Токму преговорите со ЕУ, Османи ги споменува и во приоритетите што би требало да ги има новата влада, бидејќи како што објаснува, следната влада ќе преговара со Брисел и „затоа е важно, од една страна да се формира многу функционална, ефективна и поддржувачка влада, што ќе ѝ служи на оваа цел, а од друга страна, влада што ќе има капацитет да ги спроведе сите потребни реформи во внатрешноста”.

Говорејќи за односите меѓу Скопје и Атина и Договорот од Преспа, Османи за „Етнос” коментира дека поради изборите имало доцнења во спроведувањето, но истакнува дека со формирањето на новата влада ќе се продолжи динамично со обврските што произлегуваат од решението меѓу двете земји.

Вицепремиерот за европски прашања позитивно го оценува ставот на Грција за нашата ЕУ перспектива и додава дека е потребна дополнителна поддршка „во одредувањето на рамката за преговори следната пролет”.

„Етнос”, во текстот во кој ги пренесува ставовите на Бујар Османи, потсетува дека албанската партија ДУИ на Али Ахмети  со 11,47 отсто е трета сила во земјата и коментира дека со 15 пратенички места во Собранието „е големиот победник во албанскиот блок и регулатор во постизборните соработки” .

Во однос на сценаријата, весникот пишува дека СДСМ со 46 пратеници „може да формира влада само со ДУИ со која ќе има точно 61 пратеник, а за да обезбеди поголема стабилност во владината коалиција може да се вклучи и ДПА на Мендух Тачи”.

-Самиот Заев, иако на поддржувачите им ветуваше дека ќе ја прати во опозиција албанската партија ДУИ, која од 2002 речиси без прекин учествува во влада како помал партнер, коалицирајќи повремено со различни партии, ќе мора да ја промени неговата стратегија со оглед на тоа дека изборниот резултат не остава простор за такво сценарио. Од друга страна, ДУИ, откако од изборниот процес излезе зајакната, се очекува да игра на предизборната карта за одредување Албанец премиер за да влезе во владин состав, пишува весникот и додава дека ова сценарио нема да оди напред, туку повеќе ќе делува како алатка за притисок за да добие повеќе и подобри места во министерствата.

The post Османи за „Етнос”: ДУИ ќе одлучи која партија ќе учествува во нашата коалиција appeared first on Слободен печат.


Османи за „Етнос”: ДУИ ќе одлучи која партија ќе учествува во нашата коалиција was first posted on јули 19, 2020 at 6:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....