13.8 C
Скопје
20:14 - 3 мај, 2024

Онлајн настава ќе може да се следи и преку мобилен и таблет, наставниците тврдат дека платформата е лесна за користење

Министерството за образование и наука неодамна ја претстави националната платформа за онлајн настава, преку која учениците над трето одделение ќе можат да следат настава на далечина.

По претставувањето на националната платформа се наметна прашањето дали училиштата, односно професорите, но и учениците ја имаат потребната опрема да ги следат часовите.

И додека секое училиште посебно се опремува со брз интернет и со останатите потребни технички средства за непречено одвивање на наставата, остана непознато каква опрема им е потребна дома на самите ученици за да можат да ја следат наставата.

Онлајн наставата ќе може да се следи преку мобилен телефон и таблет

Министерката за образование и наука Мила Царовска, информираше дека оние кои ги немаат потребните технички помагала, ќе можат часовите да ги следат на телевизија.

Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребните материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат – истакна Царовска на пресконференцијата на која ја претстави националната платформа за онлајн настава.

Околу 40.000 ученици немаат опрема за онлајн настава, часовите ќе ги следат на телевизија

Меѓутоа, покрај на телевизија и компјутер, од МОН велат дека платформата е креирана на тој начин што може непречено да се следи и преку мобилен телефон и таблет.

– Ученикот може да се вклучи во онлајн настава преку компјутер, лаптоп, таблет или преку мобилен телефон, ќе може да ја гледа училницата и наставникот и ќе може да ги користи сите поставени аудио и видео материјали на платформата и да ги изработува домашните задачи – велат од МОН.

Повеќето од учениците, веќе ги добија потребните лозинки за да ја тестираат платформата пред почетокот на учебната година, за која професорите веќе ја поминаа обуката.

– Помина обуката на националните тренери, секој од нив обучи по 40 наставници, што значи околу 1.600 наставници, коишто сега ја спуштаат обуката во самите училишта. Од денеска лозинките за пристапување на учениците ќе се доставуваат до директорите и тие треба да ги спуштат на ниво на одделенија, за да може да влеземе во тестирање на платформата и нејзино оптоварување, со цел да ги видиме перформансите. Целиот процес е динамичен, го водиме транспарентно – изјави министерката Царовска на вчерашната средба со наставници во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“.

Наставниците убедени дека учениците лесно ќе ја совладаат платформата

Токму за тоа како се одвивала обуката и на кој начин функционира платформата поразговаравме со наставничката Билјана С. Дивјаковска. Таа е убедена дека и за наставниците, но и за самите ученици платформата ќе биде лесна и едноставна за користење.

Вчера завршивме со обуката која траеше четири дена. Во нашето училиште децата се уште немаат добиено лозинки, ние како наставници добивме. Имаше обука од страна на оние обучувачи кои беа одредени од МОН. Тестирањето на платформата се одвиваше онлајн и таа е навистина лесна и едноставна за користење. Верувам дека учениците брзо ќе ја совладаат – вели Дивјаковска, која е наставник по македонски јазик во основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

22 септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Дивјаковска потоа ги објасни можностите кои ги нуди платформата, а потенцираше дека е потребен само еден клик за ученикот да се вклучи на онлајн час.

– Самата платформа нуди поставување на час, поставување на лекција, креативна е и има можности за поставување на тестови, квизови и писмени работи. Платформата е многу едноставна со тоа што самиот наставник си креира распоред на часови и во самиот распоред се поставува линк преку кој директно со еден клик ученикот влегува во онлајн часот – додава Дивјаковска.

Дивјаковска посочи и дека е добро тоа што распоредот на часови може да се подготви и неколку месеци порано, со тоа што учениците навреме ќе бидат информирани за тоа кога треба да се вклучат на онлајн настава.

Распоредот на часовите со помош на платформата може однапред да се постави и ние како наставници еве веќе уште од сега знаеме кога ќе биде нашиот прв час заклучи Дивјаковска.

The post Онлајн настава ќе може да се следи и преку мобилен и таблет, наставниците тврдат дека платформата е лесна за користење appeared first on Слободен печат.


Онлајн настава ќе може да се следи и преку мобилен и таблет, наставниците тврдат дека платформата е лесна за користење was first posted on септември 25, 2020 at 12:56 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....