-0.2 C
Скопје
21:36 - 25 ноември, 2024

ОН: Во светот 29 милиони жени и девојчиња се жртви на модерно ропство

Во новиот извештај, претставен во Обединетите нации, се проценува дека во светот 29 милиони девојчиња и жени – се жртви на современи форми на ропство – присилна работа, дури и во сопственото семејство, присилни бракови и должничко ропство.

Коосновачот на организацијата за борба против ропството „Вој Фри“ (Walk Free), Грејс Форест изјави дека секоја 130 жена и девојче во светот живеат во некоја форма на современо ропство.

„Денеска во ропство живеат повеќе луѓе од било кога претходно во историјата“, рече Форест на конференцијата за новинари во ОН во Њујорк.

Организацијата „Walk Free” современото ропство го дефинира „како систематско одземање на личната слобода, при што лицето се злоупотребува за нечија лична и финансиска корист“.

Проценка дека секоја 130. жена и девојче во светот се во современо ропство, е утврдена врз оснвоа на работата на организацијата “Walk Free”, и две агенции на ОН – Меѓународната организација за тругд и Меѓународната организација за миграции.

Според извештајот под назив „Осуетени шанси“ (Stacked Odds), жените се дури 99 отсто од сите жртви на прислно сексуално искористување, 84 отсто од сите жртви на присилен брак и 58 отсто од сите жртви на присилна работа.

Форест рече дека експлоатацијата „се нормализирала во економијата“ како и во миграциските патишта што и се влошило поради пандемијата од короанвирус, со „наглиот пораст на присилни и детски бракови и експлоатација на работници ширум светот“.

Најави дека “Walk Free” и програмата на ОН “Every Woman, Every Child” покренуваат светска кампања за укинување на современото ропство со повикот за ставање крај на детските и присилните бракови и легализираните системи на екплоатација на работниците – мигранти. Кампањата исто така ги повикува мултинационалните компании на транспарентност и одговорност.

(Извор: Бета)

 

The post ОН: Во светот 29 милиони жени и девојчиња се жртви на модерно ропство appeared first on Слободен печат.


ОН: Во светот 29 милиони жени и девојчиња се жртви на модерно ропство was first posted on октомври 10, 2020 at 7:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....