Финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина е привремено прекината по неповолната реакцијата што е забележана кај еден од испитаник. Вакцината што заеднички ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ е една од водечките опции за борба против Ковид-19. Но, случајот на „необјаснива болест“ е запрено на одредено време, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од „АстраЗенека“ од каде прекинот го опишуваат како „рутински“.
Исходот од испитувањето на оваа вакцина, но и на останатите, се чека со нетрпение од целиот свет. „Би-Би-Си“ наведува дека вакцината успешно ја минала првата и втората фаза и се очекуваше да биде меѓу првите, ако не и прва, што би можела да се најде на пазарот по сите клинички фази што е потребно да се минат.
Третата фаза на испитување се спроведува на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка. Стопирана е на сите локации, а независни истражители најпрво ќе ги прегледаат сите податоци на сигурност пред регулаторите да одлучат дали истражувањето може да тргне од почеток, наведува „Би-Би-Си“.
Ова е втор прекин на испитувањето на оксфордската вакцина што се случува со големите клинички тестирања кога волонтер ќе заврши во болница без да биде позната причината.
The post Оксфорд го стопира развојот на вакцина против Ковид-19, се разболе еден од волонтерите appeared first on Слободен печат.
Оксфорд го стопира развојот на вакцина против Ковид-19, се разболе еден од волонтерите was first posted on септември 9, 2020 at 8:20 am.