2.8 C
Скопје
19:30 - 23 декември, 2024

ОЈО не кажува дали ќе го гони Александар Верушевски

обвинителство ојо

Не може секој секого да снима, тајно да снима, неовластено да објавува и за тоа премиерот или поранешниот премиер да ги амнестира. Апсолутно јавниот обвинител мора да постапува. Ако некој неовластено снимил, ако неовластено објавил, мора за тоа да сноси последици, порача поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов при неговото гостувување во емисијата „Топ тема“ на Телма. Тој рече дека Заев може да му прости на Верушевски, но тоа е личен став, за разлика од него јавниот обвинител не смее никому да прости.

Од републичкото Јавно обвинителство засега молчат дали ќе преземат законска постапка по службена должност против Александар Верушевски за наводно неовластено снимање на поранешниот премиер Зоран Заев.

Токму Заев за овој случај неодамна изјави дека знае кој го снимал, а тоа бил Александар Верушевски.

– На ручек кај мене во Струмица, тоа е летото 2016 година. Овде, седиме и ручаме и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред четири години од денеска, наназад гледано. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил – рече Заев.

Запрашан какви се односите меѓу него и Александар Верушевски, тој кажа дека е во добри односи, како и дека е близок со неговото семејство.

И покрај ова Заев вели дека останува добар пријател со синот на ексдиректор на УБК, кој му беше советник за национална безбедност за време на неговиот премиерски мандат и е претседател на партиската комисија на социјалдемократите за внатрешна безбедност. Зоран Верушевски во септември лани со сведочењето во Таргет-Тврдина направи пресврт.

Тврдеше дека тој лично ги дал бомбите на лидерството во партијата, прво на Црвенковски, а потоа и на Заев, а не како што беше познато дека од УБК ги извадиле „свиркачите“ Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски. Во целото негово сведочење, тој се оградуваше од неговата директна улога во откривањето на аферата, повикувајќи се на партијата.

Поранешниот разузнавач и советник на Заев, Верушевски, сведочеше во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушкување.

The post ОЈО не кажува дали ќе го гони Александар Верушевски appeared first on Слободен печат.


ОЈО не кажува дали ќе го гони Александар Верушевски was first posted on мај 21, 2020 at 3:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....