13.8 C
Скопје
15:29 - 18 ноември, 2024

Охрабрувачки резултати од нова студија: Еве колку долго се присутни антителата по закрепнување од коронавирусот

Нивото на антитела на коронавирус порасна, а потоа остана на исто ниво до четири месеци кај преку 90 отсто од пациентите во Исланд кои биле излечени од Ковид-19, покажа студијата  објавена во магазинот „New England Journal of Medicine“.

Во претходните истражувања нивото на антитела на коронавирус значително опадна по неколку месеци од закрепнувањето од Ковид-19, што ги поттикна прашањата за траењето на имунитетот кај лицата кои веќе биле заразени.

Истражувањето кое било спроведено од компанијата „Декод џенетикс“ би можело да има значајни импликации за ризик од реинфекција и трајност на вакцините, пренесува Ројтерс.

Истражувачите го мереле нивото на антитела кај преку 30.000 жители на Исланд, како би утврдиле колку луѓе во земјата биле заразени со коронавирус и за да би дознале повеќе за имунитетот кај оздравените.

Резултатите покажале дека околу еден процент од лицата опфатени со истражувањето биле заразени со коронавирус. Од оваа група, 56 отсто добиле позитивен резултат откако направиле ПЦР тест, 14 отсто биле во карантин по изложување на вирусот, но без потврда на зараза, додека кај останатите 30 отсто заразата била потврдена за време на истражувањето, на основа на присуство на антитела на коронавирус.

Кај 91 отсто од оние лица кај кои заразата со коронавирус била потврдена со ПЦР тест, а кои вкупно биле 1.215, нивото на антитела пораснало за време на првите два месеци од воспоставување на дијагноза, за потоа да остане непроменето речиси четири месеци.

Со оваа студија била опфатена хомогената популација на една земја, така што резултатите може не би биле исти во некои други делови на светот со различна популација. Сепак студијата покажува дека тестовите на анитела можат да ја покажат вистинската стапка на заразеност. Покрај тоа, тие би можеле да се користат како евтина алтернатива за тестирање на коронавирусот.

Меѓутоа, авторите на студијата напоменале дека не е јасно дали антителата штитат од повторна зараза.

The post Охрабрувачки резултати од нова студија: Еве колку долго се присутни антителата по закрепнување од коронавирусот appeared first on Слободен печат.


Охрабрувачки резултати од нова студија: Еве колку долго се присутни антителата по закрепнување од коронавирусот was first posted on септември 2, 2020 at 9:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....