4.8 C
Скопје
09:29 - 26 декември, 2024

Објавен протоколот за аеродромите: Нема веќе испраќања и дочеци

На скопскиот и на охридскиот аеродром веќе нема да може роднини и пријатели да ги испраќаат и да ги дочекуват гостите.

Ова е дел од протоколот по кој ќе работат аеродромите по нивното отворање на 1 јули.

Од ТАВ информираат дека сите патници на аеродромот треба да пристигнат најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание. На патниците ќе им биде мерена и температура со термална камера, а насекаде ќе бидат поставени средства за дизинфекција.

Во врска со распоредот на летање, од ТАВ велат дека тој не зависи само од Одлуката на Владата за реотворање на аеродромот за патнички летови, туку и од одлуките на авиокомпаниите, како и земјите до чии дестинации се леташе од меѓународниот аеродром „Скопје“ и од охридксиот аеродромот „Свети Апостол Павле“пред коронавирус-кризата,  па оттаму ги упатуваат сите патници да ги следат веб-страниците на двата аеродроми.

Но, како што неофицијално дознаваме, уште на првиот ден ќе има лет од страна на  „Визер“.

 

 

The post Објавен протоколот за аеродромите: Нема веќе испраќања и дочеци appeared first on Слободен печат.


Објавен протоколот за аеродромите: Нема веќе испраќања и дочеци was first posted on јуни 24, 2020 at 2:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....