Во Италија повторно расте бројот на нови случаисо Ковид-19, па така според последните податоци, првпат по месец дена воземјата се идентификувани нови жаришта.
Според пишувањата на италијанските медиуми, откриен е кластер во регионот Молизе, каде се заразени седум лица со потекло од Венецуела.
До пред неколку недели половина од италијанските региони беа без нови случаи, додека вчера само во Долина Аосте не се регистрирани новоинфицирани.
Првпат од 8 јуни бројот на нови случаи на дневно ниво надмина 300 и изнесува 36 новозаболени, додека во претходните два дена бројката изнесуваше вкупно 129 нови случаи.
Помеѓу новите жаришта е Тренто каде се забележани десетици случаи, а вирусот е идентифкицан и во еден дом за стари лица во Болоња, каде има 15 позитивни случаи.
Ломбардија е и натаму најтешко погоден регион во Италија со 81 новозаболен пациент, што е за 30 лица повеќе отколку ден претходно, а во Лацио бројката на новозаразени на дневно ниво од 16 се искачи на 26 нови случаи.
Италијанската влада планира да ја продолжи вонредната состојба до 31 октомври,а регионалните претседатели разгледуваат нови мерки за спречување на ширење на вирусот, кој најпрво ќе се однесуваат на ноќните излегувања и групирањето на луѓето.
Во Италија досега од Ковид-19 се заразија 245.338 луѓе, од кои 12.404 и натаму се активни случаи, а 35.092 починаа како последица на вирусот.
The post НОВИ ЖАРИШТА СО КОРОНА ВО ИТАЛИЈА: Повторно расте бројот на заболени, Ломбардија е најтешко погодена appeared first on Слободен печат.
НОВИ ЖАРИШТА СО КОРОНА ВО ИТАЛИЈА: Повторно расте бројот на заболени, Ломбардија е најтешко погодена was first posted on јули 24, 2020 at 9:15 am.