4.8 C
Скопје
16:07 - 21 декември, 2024

Нов, крајно необичен симптом на коронавирусот кој почнуваат да го пријавуваат заболени ширум светот

Њујорк пост пишува за новиот симптом на коронавирусот кого го пријавиле повеќе од половина од пациентите кои имале потешка клиничка слика за време на заболувањето.

Споредниот симптом за кој пациентите сè почесто пишуваат на социјалните мрежи е таканареченото зуење или шуштење во телото што претставува нов, мистериозен знак на коронавирусот.

Докторите за Њујорк пост објасниле дека овој симптом веројатно е последица на фактот дека телото се бори против болеста.

Еден човек на Твитер симптомот на зуење го опишал како „чувство на електрицитет на кожата“.

Тарана Бурки, позната како основач на движењето #MeToo, објавила дека нејзиниот партнер имал вирус и споменала дека имал чувство како кожата да му гори. Рекла дека поради тоа чувство користеле крема на база на алое, која инаку се користи за изгореници од сонце.

И инфлуенсерката Ариел Чарнаш објавила пост во кој пишува за „чувствителната кожа“ кога првпат почувствувала симптомите од болеста.

Докторите велат дека овој симптом не е многу чест, а го објаснуваат како дел од автоимуниот одговор кој влијае на нервниот систем на пациентот.

The post Нов, крајно необичен симптом на коронавирусот кој почнуваат да го пријавуваат заболени ширум светот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....