06:16 - 2 август, 2026

Стилот нема врска со годините! Мајката на Елон Маск е најдобар пример за тоа

Денес, на 72-годишна возраст, Маје Маск, манекенка и нутриционистка, мајка на милијардерот Елон Маск, го живее животот што отсекогаш го посакувалa, но патот што го поминала за да стаса дотаму, не бил нималку лесен. Претрпела многу животни проблеми, малтретирање, тежок развод и успешно израснала три деца. Меѓу нејзините најголеми успеси, а навистина ги има многу, го вклучува и фактот дека во 2017 година стана најстарото заштитно лице во историјата на една козметичка компанија.

– Не можете да контролирате сè што се случува, но можете да создадете живот што го сакате на која било возраст. Треба само да направите план – вели Маје.
Она на што ѝ завидуваат и многу помлади девојки е нејзиниот совршен изглед. Иако таа веќе е во осмата деценија од животот, има тело на 30-годишна. Маје ги следи овие правила и никогаш не ги прекршува.

1. Направете добар распоред

Јадете кога сте гладни, но и кога не сте толку гладни, бидејќи тоа ќе ве спречи да се прејадете подоцна. Обично умирам од глад околу пладне, затоа се навикнав да изедам половина ручек околу 10:30, а остатокот околу 12 часот, открива Маје.

2. Јадете го она што го сакате

Ако не ви се допаѓа вкусот, не јадете и не пијте го тоа, без оглед колку е здраво, пронајдете ја алтернативата што ви се допаѓа, советува Маје.

3. Дозволете си мала слабост одвреме-навреме

Мојот син отвори ресторан. Многу ќе јадам на отворањето, тоа го знаев веднаш. Но, следниот ден станав и појадував голема порција овесна каша. Не верувам во тоа дека ако изедете нешто што „не треба“, за тоа мора да „платите“ со убиствено вежбање. Само се враќам на поздравата или помалку калоричната храна. Важен е балансот.

4. Радувајте се на животот

Не исцрпувајте се со вежбање и не јадете го она во што не уживате. Сè во животот треба да биде умерено. Кога го јадете она што го сакате, тогаш ќе бидете расположени. А, доброто чувство се гледа на лицето и на телото. Само задоволна жена може да изгледа добро.

5. Славете го секој ден

Кога слушам дека некој доживеал несреќа или е болен, секогаш си велам: „Зошто треба да избегнувам нешто во што можам да уживам?“ Навистина мора да уживате во тоа секој ден.

Слични објави

Лубеница и диња – освежување со многу придобивки, но и со правила

Еспресо

Добро осмислениот појадок може да придонесе за подолго чувство на ситост и за лесно контролирање на килограмите

Т.Ц.

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Еспресо

Д-р Беќаровски советува да бидеме внимателни кога пиеме пијалаци со мраз: „Теоретски од мразот може да настане труење“

Еспресо

Многумина ги забележаа златните точки на ушите на Ѓоковиќ на Вимблдон – еве за што станува збор

Т.Ц.

Што се менува по 35-тата година: Зошто сè повеќе жени избираат дополнителен приход?

Еспресо
Се вчитува....